Вардар и Црвена Звезда ќе играат хуманитарен натпревар за семејствата на насраданите

Поранешниот европски и светски фудбалски шампион Црвена ѕвезда и најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар. На 16 април во Скопје хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена ѕвезда

Челниците на двата клуба се договорија двата клуба да се сретнат во Скопје на 16 април.

„ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена yвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл“, објави синоќа ФК Вардар.

Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

На прес-конференција во текот на вчерашниот ден и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија за настраданите од трагедијата во која загинаа 59 лица а повеќе од 150 се повредени.