Спалети го повика Беланова за двомечот со Германија

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го повика крилниот напаѓач на Аталанта, Раул Беланова во репрезентацијата за четвртфиналето против Германија во Лигата на нации, откако се повредија Матија Закањи и Андреа Камбиасо, објавија италијанските медиуми.

Првиот натпревар е во четврток на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, додека реваншот во недела ќе се игра во Дортмунд со истиот термин.

Италијанците веќе мораа да бараат замена за ѕвездата на Интер, Федерико Димарко, па доцна синоќа проблемите на Спалети се зголемија. 24-годишниот Беланова досега има четири настапи за италијанската репрезентација, додека оваа сезона за Аталанта забележа 36 настапи во сите натпреварувања.