Палмер е повреден, нема да игра против Албанија и Летонија

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Англија на стартот од квалификациите за СП 2026 година, соопшти денеска неговиот клуб.

„Палмер се врати во клубот од таборот на репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот со која се здоби на неделниот тренинг на тимот. Поради таа повреда Палмер не играше за Челзи против Арсенал во неделата. Палмер поради повреда ќе ги пропушти натпреварите на Англија против Албанија и Летонија“, се вели во соопштението на „сините“.

Англија во петок ја пречекува Албанија, а во понеделник гостува кај Летонија, на стартот од натпреварувањето во квалификациската група К, во која се и Србија и Андора.