Реми на Јуве во Болоња и голема збрка во борбата за ЛШ

Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1-1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место.
Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти пат во таа серија, славеше против Фиорентина и остана во игра за пласман во европската елита.
На три кола пред крајот на Серија А, сигурни патници во Лигата на шампионите се Наполи, Интер и најверојатно Аталанта, додека Јувентус (63), Рома (63), Лацио (63) и Болоња (62) ќе се борат за четвртото место.
Во Болоња, во вистинска војна на теренот, Јуве поведе преку Кефрен Тирам во деветтата минута, а израмнувањето го донесе Швајцарецот Ремо Фројлер во 54-тата минута.