Пјастри убедливо слави за ГН на Мајами

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во последните три трки. Доминацијата на Мекларен ја потврди минатогодишниот победник, Ландо Норис, со второто место. Трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес.
Мекларен, а особено Пјастри одо почетокот на сезоната се приказна за себе. Младиот Австралиец, стратуваше од четвртото место, експресно се проби во поредокот, а откако во 12 круг го мина лидерот Ферстапен, рутински дојде до победата.
Низ поредкот мораше да се пробива и Норис, откако во првиот свиок, по борбата со Фертсапен падна на петтото место.
Расел, избра различна стратегија од најдобрите, тоа му се испалтеше и заврши на подиумот. Ферстапен, кој стартуваше од пол-позицијата мораше да се задоволи со четвртото место.
Брилијантна трка возеше и Алекс Албон од Вилијамс. На крајот го освои петтото место, пред Кими Антонели, кој поради грешката на механичарите во боксот немаше можност да се бори за подобар пласман.
Зад младиот Италијанец завршија пилотите на Ферари, Леклер и Хамилтон, а бодови освоија и Карлос Саинц во Вилијамс, односно Јуки Цунода во Ред Бул.