Кејн и догодина ќе тресе мрежи за Баерн

Баерн се огласи за иднината на напаѓачот Хари Кејн откако се појавија гласини за негово можно враќање во Премиер лигата. Кејн пристигна во клубот од Минхен во летото 2023 година со репутација на одличен напаѓач, но и како играч кој никогаш не освоил титула во својата кариера.

Хари Кејн во неделата го симна проклетството, Баерн ја обезбеди титулата на две кола до крајот на сезоната, а Кејн учествуваше во неа како најдобар стрелец во лигата. Тој постигна 24 гола и имаше девет асистенции во 29 одиграни натпревари за својот прв трофеј во кариерата.

Кејн ги помина своите најдобри години во Тотенхем, за кого, со неколку позајмици на почетокот на кариерата, играше од 2010 до 2023 година. Вкупно, тој одигра 435 натпревари за лондонскиот клуб, постигна 280 гола и забележа 62 асистенции. Со Тотенхем играше финале во Лигата на шампионите (2018/19) и двапати финалист во ЕФЛ Купот.

Тој пристигна во Баерн пред минатата сезона во трансфер вреден 100 милиони евра. Тоа беше сезона во која тој веднаш беше најдобар стрелец во лигата (36 гола) и во која постигна 44 гола во 45 натпревари.