Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Наполи го победи Каљари (2-0) синоќа во 34. коло и стана шампион на Италија.

Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте, сега е еден од двајцата тренери кои го освоиле италијанското првенство со три различни клуба.

Во сезоните 2011/12, 2012/13 и 2013/14, тој ја освои Серија А со Јувентус, а во сезоната 2020/21 со Интер.

Претходно, само Фабио Капело успеа да го направи ова, водејќи ги Јувентус, Милан и Рома до победи во италијанското првенство.

Сепак, шампионските титули на тимот од Торино во сезоните 2004/05 и 2005/06 беа поништени поради корупциски скандал.

Конте е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2024/25 во Серија А.