Вернер го остави Вердер и седна на клупата на РБ Лајпциг

Неодамнешниот тренер на Вердер, Оле Вернер, е новиот шеф на тренерскиот штаб на РБ Лајпциг. Вернер со „биковите“ кого потпиша двегодишен договор.
Лајпциг бараше нов тренер откако го отпушти Марко Росе на крајот на март.
Золт Лев, кој претходно беше задолжен за развој на млади фудбалери во клубот, го презеде раководењето со првиот тим до крајот на сезоната, но не успеа да избори место во европските купови. Лајпциг сезоната ја заврши на седмото место.
„Оле е млад, амбициозен и исклучително посветен шеф на стручниот штаб кој ќе го направи следниот чекор во својот развој со нас“, рече генералниот менаџер на Лајпциг, Марсел Шефер.
Лајпциг ќе биде третиот клуб на Вернер како главен тренер. Откако ја заврши својата фудбалска кариера на само 22 години, тој работеше во младинските и резервните тимови на Холштајн Кил, пред трајно да го преземе првиот тим во 2019 година.
Тој го задржа Кил во Цвајта во текот на сезоната 2019/20, а следната сезона ги доведе на работ на Бундеслигата, но беа поразени од Келн во плејофот.
Во ноември 2021 година, тој беше назначен за тренер на Вердер Бремен, кој во тоа време се мачеше во втората лига. Сепак, Вернер успеа веднаш да се врати во Бундеслигата, а потоа со „зелено-белите“ постигна пласман на 13-то, 9-то и 8-мо место во три последователни сезони во елитниот ранг, надминувајќи ги очекувањата секој пат.
Вернер се раздели со Вердер откако изрази желба да не го продолжи договорот што важеше до 2026 година, па клубот го отстрани од тренерската позиција.