Халанд „раситни“ 300 гола во кариерата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, постигна извонреден гол во победата на клубот од 5-2 над Јувентус во групната фаза од Светското клупско првенство.
Норвежанецот го започна натпреварот на клупата, но влезе на полувремето кога Сити водеше со 2-1. На Халанд му беа потребни само седум минути за да постигне гол.
Тоа беше неговиот 300-ти гол во кариерата, а го достигна ова по одиграни 371 натпревари.
За Манчестер Сити, Халанд има 123 гола на 145 натпревари, додека за неговиот претходен тим Борусија Дортмунд, статистиката покажува – 86 гола на 89 натпревари.
За Молде има 20 гола, додека за Ред Бул Салцбург 29. За норвешката репрезентација, Халанд има уште поимпресивен рекорд – 42 гола на 43 натпревари.