Манасков доби нов договор во Еурофарм Пелистер

Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес.
Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите.
Манасков има две титули шампион на Македонија со Еурофарм Пелистер, а зад себе остави дури четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања. Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за: Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен, Веспрем…