Ракитиќ објави фудбалска пензија, но ќе остане да работи во Хајдук

Иван Ракитиќ денес и официјално објави крај на кариерата, а со емотивно писмо од него се збогуваше и македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.
Трајковски со Ракитиќ беше соиграч во Хајдук каде што изгради и пријателство со поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља.
„Денешот ден не е обичен бидејќи означува крај на едно убаво поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе го носиш она што низ годините секогаш го даваше: Страста, верноста, жртвите – и над сè, класата, на теренот и надвор од него.
За мене беше привилегија да се дели оваа година со тебе и многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. Ти честитам на кариерата која ја изгради и на целите кои ги постигна. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас. Среќно во се што те чека“, објави Трајковски.
Во хрватските медиуми се најавува дека Ракитиќ ќе продолжи во Хајдук во улога со која ќе помага во спортскиот сектор.