Американците нови јуниорски светски прваци во кошарка

Кошаркарите на САД ја освоија титулата на Светското јуниорско првенство, откако синоќа во финалето ја совладаа Германија со 109-76, додека Словенија го освои бронзениот медал со триумф од 91-87 над Нов Зеланд.
Американците стигнаа до светската титула со седум победи, освојувајќи го својот деветти златен медал во јуниорска конкуренција.
Американецот Еј-Џеј Дибантс е избран за најкорисен, МВП, играч на првенството со просек од 14,3 поени, 4,1 скокови, 2,3 асистенции и 1,1 украдена топка на турнирот.
Дибантс се најде и во идеалната петорка на јуниорскиот Мундијал, заедно со неговиот сонародник Микел Браун, германскиот тандем Кристијан Андерсон и Ханес Штајнбах, како и Словенецот Жан Смрекар.
Тагови: кошарка