Ал Духаил се пофали со потписот на Верати

Марко Верaти е нов фудбалер на Ал Духаил.

Италијанецот на овој начин ја продолжува кариерата во Катар, бидејќи претходно две сезони играше за Ал Арабија.

За Ал Араби одигра вкупно 40 натпревари, што е околу половина од можните, на кои постигна четири гола и имаше дванаесет асистенции.

За овие две години заработи неверојатни 60 милиони евра, а клубот минатата сезона ја заврши на деветото место во катарското првенство.

Од друга страна, Ал Духаил ја заврши сезоната на второ место веднаш зад Ал-Сад.

Засега клубот не ги објави финансиските детали на договорот, но нема сомнеж дека станува збор за голема сума.

Верaти некогаш пред доаѓањето во Катар играше за Пари Сен Жермен и Пескара.