Александар Таневски нов селектор на репрезентацијата до 20 години

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за именување на Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години.

Александар Таневски, во изминатите осум сезони од тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг, истиот успех го повтори со ФК Македонија ЃП, тим со кој играше финале на Купот на Македонија и обезбеди место во Европските купови.

Работеше во Академија Пандев, а последниот ангажман го имаше во ФК Беса.