Анчелоти би го водел само Реал по бразилската репрезентација

Карло Анчелоти не ја затвори вратата за враќање на клупата на Реал Мадрид. Иако неодамна ја презеде селекцијата на Бразил, искусниот стратег не ја исклучува можноста за трет мандат на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.
Анчелоти веќе двапати го водеше Реал и стана најтрофејниот тренер во историјата на клубот со освоени 15 трофеи. „Реал Мадрид е единствениот клуб што би го прифатил да го тренирам по Бразил“, изјави Анчелоти за Л’Екип.
Иако претходно најави крај на клупската кариера, Италијанецот остави отворена врата за ново враќање во клубот каде што ужива легендарен статус.
Сепак, Анчелоти исто така потврди дека би го продолжил договорот со Бразилците за уште еден четиригодишен мандат доколку во сојузот се задоволни од работата.