Лина Ѓорческа ја победи некогаш најдобрата светска тенисерка

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) за 75 минути игра. Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).

Следна противничка во втортата рунда на македонската тенисерка ќе и биде Софија Костулас од Белгија, која денеска ја победи Вероника Фалковска од Полска со 2-0 во сетови (7-6(1), 6-4).