Феликс повторно се пронајде — од неуспеси во Европа до ѕвезда во Саудиска Арабија

По летниот трансфер од Челси во Ал Наср, Жоао Феликс направи вистински бум во Саудиската Про лига. Португалецот брзо се наметна како прв стрелец на првенството со 10 погодоци, а во сите натпреварувања има вкупно 14 голови и 3 асистенции. Вкупно 17 директни учества во 16 настапи, што најдобро ја отсликува неговата влијателност.
Оваа форма претставува ново поглавје во кариерата на 26-годишниот напаѓач, кој по тешкиот престој во Челси и кратката епизода во Милан конечно најде средина каде што може да го покаже својот потенцијал. Под водство на португалскиот стратег Хорхе Хезус и во тим со Кристијано Роналдо, Феликс брзо се прилагоди на новата лига и средина.
Неговите досегашни настапи го вратија оптимизмот и му донесоа признание како еден од клучните играчи во борбата на Ал Наср за титулата. За Феликс, ова е повеќе од обична промена на клуб, тоа е вистински „нов почеток“, можност повторно да ужива во фудбалот и да ја потврди својата класа.