Фудбалерите на Реал го сакаат Зидан ако Чаби Алонсо добие отказ

Пораз од Атлетик Билбао може да му пресуди на Чаби Алонсо, а како што пренесуваат медиумите од Шпанија, фудбалерите на Реал Мадрид сакаат да се врати Зинедин Зидан.
„Кралевите“ влегоа во мала резултатска криза, има и негодување од фудбалерот за начинот на кој Чаби Алонсо го води тимот, а ова придонесе и да се појават шпекулации за отказ на стратегот.
Пораз од Атлетик Билбао може да му пресуди, па низ медиумите кружат одредени имиња за новиот тренер на Реал Мадрид.
Постарите играчи во составот сакаат да се врати Зинедин Зидан, кој е без ангажман, но се верува дека ќе стане селектор на Франција по крајот на Светското првенство во 2026 година.
Се споменува и името на Јирген Клоп, но Германецот повеќе е по мерак на раководството, отколку на играчите.