Мареска разочаран: Лидс беше подобар и заслужи да нè победи

Челзи синоќа загуби за првпат по осум натпревари и тоа на гостувањето кај Лидс Ј. Енцо Мареска го призна поразот.

„Тие беа подобри од нас во секој поглед и заслужено победија. Немаме што да извлечеме од овој натпревар за во иднина. Можеме само да се обидеме да разбереме што направивме, а потоа да почнеме одново. Игравме многу добро против Арсенал и Барселона, но тоа не значи дека секогаш ќе играме на ист начин, бидејќи треба да се прилагодиме на ситуацијата и да ги ротираме нашите играчи. Нивото на игра нема секогаш да биде исто. Секако, по натпревари како последните два, очекувате посилна игра, но тоа не е секогаш можно. Ниту еден играч не играше најдобро денес. Се надевам дека беше само лош ден. Ги загубивме сите предизвици“, рече менаџерот на Челзи.