Победа на У20 селекцијата во Лихтенштајн

Македонската репрезентација до 20 години запиша победа од 0-3 на гостувањето против селекцијата на Лихтенштајн до 21 година. На својот прв натпревар, фудбалерите предводени од Александар Таневски одиграа одлично второ полувреме кога го решија мечот во своја корист. Во првото полувреме, немаше погодоци, домашните преку Лука Бек и Џулиан Келер промашија две добри шанси.
Македонија доминираше во продолжението. Никола Величковски во 52. минута го отвори резултатот, а Димитар Данев ги постигна вториот и третиот погодок во 65. и 78. минута.
Македонија до 20 години: Љупче Чеков, Марко Стојилевски, Андреј Велков, Илија Масларов, Нуман Ајетовиќ, Адис Мурати, Давид Матески, Нарун Незировски, Никола Величковски,Сејдо Дураков, Димитар Данев; Давид Илоски, Мичо Поповски, Виктор Делов, Армир Иса, Андреј Стојановски, Тео Сандев, Игли Хасани, Шабан Мемети, Илир Шерифи, Аган Сулимани, Никола Филевски; Селектор: Александар Таневски.