Шкендија ја заврши полусезоната со победа во Куманово

Екипата на Шкендија стигна до рутинска победа на гостувањето кај Башкими во Куманово, совладувајќи ги домаќините со резултат 1-3. Тетовчани го отворија резултатот уште на самиот старт, а потоа го контролираа натпреварот и покрај брзото израмнување на Башкими.
На првиот напад, Шкендија поведе откако по центаршут на Вебстер, Арменд Алими несреќно ја смести топката во сопствената мрежа (0-1). Сепак, Башкими веднаш возврати. По асистенција на Пановски, Алексовски израмни на 1-1.
Клучниот момент во првото полувреме се случи во 34. минута. По акцијата на Бесарт Ибраими, топката дојде до Фабрис Тамба, кој погоди во незаштитениот агол за ново водство на Шкендија од 2-1.
Во второто полувреме, Шкендија ја потврди својата доминација. Откако во 70. минута Фитон Адеми ја погоди пречката, а голманот Јашар одбрани силен удар на Тамба, третиот гол беше само прашање на време. Тој пристигна по брзиот контранапад предводен од Лиридон Латифи, кога Фитон Адеми реализираше за 3-1. Ова е четврти гол за Адеми во сезоната.
Натпреварот помина со неколку шанси и од двете страни, но резултатот остана непроменет.