Ѓокереш: Поразите се тешки, но учите од нив

Фудбалерот на Арсенал, Виктор Ѓокереш, по поразот кај Астон Вила во меч од Премиер-лигата, изјави дека лидерот на табелата мора да остане фокусиран во битката за титулата.
„Тешко е, но учите. Секогаш можете да најдете некои позитивни работи. Секако дека сме разочарани од резултатот“, рече напаѓачот на „топчиите“.
Четата на Артета во наредното коло во елитата на Англија на 14 декември ќе му биде домаќин на Вулверхемптон.