Рамос се збогува со Монтереј и Мексико

Серхио Рамос, поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, потврди дека нема да го обнови договорот со мексиканскиот тим Монтереј.

39-годишниот дефанзивец кој е двократен европски шампион со Шпанија и четири пати ја освои Лигата на шампионите со „кралевите“, не потврди дека официјално ќе се повлече од стадионите.

Рамос потпиша договор со Монтереј во февруари. Тој одигра 27 натпревари постигнувајќи 6 голови.