Наполи го договори Џовани Сантана од Верона

Наполи ќе потпише договор со напаѓачот на Верона, Џоване Сантана.

Клубовите постигнаа договор за трансферот на 22-годишниот играч, според Фабрицио Романо. Договорот е вреден 20 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Бразилецот одигра 21 натпревар во Серија А оваа сезона, постигна три гола и имаше четири асистенции.