Јуве загрижен: Бавно се развива рехабилитацијата на Влаховиќ

Јувентус ќе остане без услугите на фудбалерот, Душан Влаховиќ, до крајот на месец март, велат последните информации од Апенините.
Голгетерот кој поради повреда е надвор од терените од крајот на ноември, полека влегува во последните шест месеци од договорот со „старата дама“.
Иако интернационалецот од Србија требаше да се врати во тренинг-процес кон крајот на февруари, сега тој термин се пролонгира.