„Најлошите шампиони во историјата?“: Сколс и Фердинанд со отровни стрели кон Арсенал

Пол Сколс и Рио Фердинанд

Иако Арсенал гази кон круната на Премиер Лигата оваа сезона, легендарниот тандем на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд, не е нималку импресиониран. Напротив, нивните критики се брутални и ја доведуваат во прашање вредноста на „Топчиите“ како потенцијални прваци.

Пол Сколс, кој во својата кариера освои дури 11 титули од Премиер Лигата, изјави дека доколку Арсенал ја освои титулата, тие би можеле да бидат „најлошиот тим кој некогаш го постигнал тоа“. Неговиот главен аргумент е недостатокот на индивидуална надмоќ во нападот, тој тврди дека ниту еден играч од нивната предна четворка не би се влегол во неговиот „Тим на Сезоната“.

Иако Арсенал во моментов има четири бода предност пред Манчестер Сити, Сколс смета дека формата на тимот е во пад. Со само два освоени бода во последните три натпревари и болниот пораз од 3-2 токму против Јунајтед, скептицизмот кај него расте. Според него, овој состав на Арсенал, предводен од Ѓокереш, едноставно ја нема истата тежина како некогашните шампионски напади на Ливерпул или Сити.

Рио Фердинанд се надоврза на својот поранешен соиграч со уште подиректна провокација. Тој смета дека лидерската позиција на Арсенал е повеќе резултат на слабоста на ривалите отколку на сопствениот квалитет.

„Арсенал, вие имате само среќа што сите други се толку очајни и неконистентни сезонава,“ изјави Фердинанд, потенцирајќи дека тимот на Артета сè уште нема покажано карактер во клучните моменти.

И покрај постојаното водство, „Топчиите“ покажаа слабости во дуелите со големите ривали како Ливерпул, Сити, Вила и Челси. Овие киксови само ја подгреваат тезата дека Арсенал потфрла во големите натпревари.

Додека сезоната влегува во својата финална фаза, притисокот врз Микел Артета станува огромен. Само времето ќе каже дали Арсенал конечно ќе триумфира или ќе падне под очекувањата како минатите сезони.