Палас со рекорден трансфер: Јорген Странд Ларсен заминува на „Селхурст Парк“

Кристал Палас го повлече клучниот потег во завршницата на јануарскиот преоден рок, постигнувајќи усна согласност со Вулверхемптон за ангажман на напаѓачот Јорген Странд Ларсен. Целиот пакет изнесува рекордни 50 милиони фунти, од кои 45 милиони се фиксна отштета, додека преостанатите 5 милиони се предвидени преку бонуси поврзани со неговиот учинок.
Иако за норвешкиот репрезентативец постоеше сериозен интерес и од Лидс, решителноста на лондонскиот клуб да ја плати бараната сума се покажа како пресудна. Самиот фудбалер веќе даде „зелено светло“ за преселбата, со што трката за неговиот потпис практично е завршена.
По постигнатиот договор меѓу клубовите, фокусот сега е ставен на административните детали. Извори блиски до преговорите потврдуваат дека правните тимови веќе ја разменуваат потребната документација за официјализирање на трансферот.
Ларсен изрази голем ентузијазам за проектот на Палас, а се очекува целата процедура да биде комплетирана овој викенд, веднаш штом документите ќе бидат потпишани. Оваа брза реакција на управата е од витално значење за Палас, со цел напаѓачот што побрзо да се вклопи во тимот за предизвиците кои следат во Премиер Лигата и Европа.
Доаѓањето на Норвежанецот на Селхурст Парк се смета за најава за заминување на Жан-Филип Матета. Францускиот напаѓач е мета на неколку клубови, пред сè на Нотингам Форест, но челниците на Палас беа јасни дека нема да дозволат негова продажба без претходно да обезбедат квалитетна замена.
За „Волците“, пак, оваа зделка претставува огромен финансиски профит за играчот кој беше меѓу најбараните имиња на трансфер пазарот оваа зима. Иако значително ќе им ги повреди шансите за опстанок.