Ѓоргиев: Ја добивме најтешката група, ќе изгинеме за секој поен

Ѓоргиев: Ја добивме најтешката група, ќе изгинеме за секој поен
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев најави беспоштедна борба на претстојното Европско првенство на кое противниците ја имаат фаворитската улога.
-Ја добивме најтешката група, но никој не може да ни го одземе правото да сонуваме. На теренот сме истобројни. Сепак моменталните резултати на Бугарија и на Полска навестуваат дека тие се огромни фаворити. Истото важи и за Украина. Меѓутоа ако ги прашате Португалија и Израел, и тие веќе имаат запишано победа против нас. Ние сме овде да им ги расипеме сметките. Само треба да ја играме нашата игра. Влегуваме на Еврпското првенство многу подготвени, а на терен ќе се види дали доволно за пласман во втората фаза. Треба да играме трпеливо и многу мудро. Ние никогаш не се предаваме и давам збор од име на целата репрезентација дека ќе изгинеме за секоја топка, потенцира Ѓорѓиев.
Македонските одбојкари во четвртото учество во низа на ЕвроВолеј играат во најсилната група – групата Б, во Софија заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.
Првиот дуел нашите репрезентативци ќе го имаат в среда (9 септември) против Бугарија.
Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 во организација на Италија, Бугарија, Финска и Романија.








