Слободниот кошаркар, Taџ Гибсон, ќе потпише договор за две сезони со екипата на Мемфис објавија дел од медиумите во САД.
Ветеранот кој има 40 години ќе се врати во НБА и ќе ја реализира 17-та сезона.
Играчот кој е висок 206 сантиметри, во претходната сезона одигра 37 натпревари за Шарлот со просек од 2,9 поени и 3,2 скока.
Етан Хап пред дуелот со Луксембург: „Фокусот да биде на нашата игра, и да бидеме спремни да дадеме 100% од себе“
Етан Хап пред дуелот со Луксембург: „Фокусот да биде на нашата игра, и да бидеме спремни да дадеме 100% од себе“
Во изминатите два циклуси го имавме Џејкоб Вајли, првиот од претквалификациите за Светскиот Куп, потоа и стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Сега во улога на „заштитник на рекетот“, нашиот најдобар тим го има на располагање Етан Хап.
Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на Американецот кој во овој ммент е дел до шпанскиот АЦБ лигаш Бургос, да го направи тоа.
„Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Сеуште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. А и новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим“ – вели крилниот играч во напито националне тим пред она што следува во петок навечер. Дуелот со селекцијата на Луксмебург, која исто како нашата, запиша две стартни победи против исти ривали, Азербејџан и Ирска.
Со оглед на тоа дека долги години е дела од најсилната шпанска лига, и воопшто во зевропа, Хап е запознат со тоаа како работи новиот предводник на селекцијата ан Македонија, Жозеп Марија Берокал.
„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта.
А кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упаства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот. Но сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеш дека си спремен да дадеш 100% од себе“ – заклучува Македонецот то американска патна исправа.
Олимпијакос го пријави Мустафа Фол
34-годишниот Французин, Мустафа Фол, успеа да ја санира повредата и затоа ќе биде вклучен во наредните мечеви на Олимпијакос во меѓународната конкуренција.
Тој претрпе сериозна повреда на коленото во финалето на грчкото првенство во изминатиот јуни.
Грчкиот состав има сериозни проблеми со ростерот бидејќи Никола Милутинов, Саша Везенков и Тајрик Џонс се надвор од стројот.
Селекторот Берокал ги одбра „финалните 12“ кои ќе му се спротивстават на Луксембург
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, ги одбра финалните 12. кошаркари во ростерот на кои ќе смета за мечот од третото коло од групата „А“ од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029, против репрезентацијата на Луксембург.
Новиот предводник на нашиот сениорски тим, по денешниот тренинг, ги тргна дилемите, и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против репрезентацијата на Луксембург, која ќе се игра на 27.февруари (петок), во салата во „Градски парк“ во Скопје, која стартува од 18:00 часот.
.Селекторот Берокал се одлучи на натпреварот против репрезентацијата на Луксембург да играат: Војдан Стојановски, кој ќе биде и капитенот на тимот, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.
Салата во Градски парк ќе го носи името на Лазар Лечиќ
Салата „Работнички“ беше целосно реконструирана и вчера официјално беше пуштена во употреба, а во пресрет на првиот натпревар кој ќе се одигра во домот на „центарци“, градоначалникот на Општина Центар излезе со важна напомена и најава за јавноста.
Реновираниот „Градски парк“ во петок ќе биде свечено отворен со натпреварот меѓу Македонија и Луксембург во претквалификациите за Европско првенство, но во најскоро можно време, кошаркарскиот храм ќе добие ново име.
По предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, а по барање и иницијатива на ветераните на КК Работнички, ќе биде предложено до советот реконстуираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, легендата на македонската кошарка.
„Салата „Работнички“ ќе го носи името на Лазар Лечиќ. Со голема чест ќе предложам пред Советот целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ да го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Иницијативата доаѓа од ветераните на КК Работнички и спортската јавност, како логично продолжение на традицијата и духот на клубот.
Горд сум на тоа како е реализиран овој проект. Денес имаме целосно нова сала – од кров, осветлување и вентилација, до модерен паркет, нови санитарии и уредени канцеларии за спортските федерации. Салата е обновена од корен и подготвена за нови спортски успеси. Во петок не очекува и првиот официјален натпревар, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе игра против селекцијата на Луксембург. Продолжуваме да инвестираме во спортот и да оддаваме почит на оние што ја создаваа неговата историја“, порача Герасимовски.
Дурант сака да игра и на следните Олимписки игри
Четирикратниот олимписки шампион и најдобар стрелец на сите времиња за машката кошаркарска репрезентација на САД, Кевин Дурант, има намера да се натпреварува на Летните игри во 2028 година во Лос Анџелес.
„Да, сакам да играм. Ќе бидам среќен, но морам да останам во најдобра форма. Сакам директорот на тимот Хил и оние што носат одлуки да сакаат да ме вклучат. Не само за моите години служба. Сакам да докажам дека можам да му помогнам на тимот да победи“, го цитира „ESPN“ 37-годишниот напаѓач на Хјустон.
Дурант призна дека неговото учество зависи од неговата играчка форма, но нагласи дека сака селекторот да го состави тимот не врз основа на стажот, туку на неговите перформанси.
Дурант ги освои Олимписките игри во 2012, 2016, 2020 и 2024 година со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Силван Францискo потпиша за Барселона
Францускиот кошаркар Силван Франциско наскоро ќе биде кошаркар на Барселона, пишуваат шпанските медиуми.
Преговорите стануваат сè поконкретни, а шпански „Енсестандо“ објавува дека тој постигнал договор со каталонскиот клуб и дека треба да потпише двегодишен договор, по што би му се приклучил следната сезона.
Каталонците бараат и засилувања на позицијата што претходно ја покриваше Торнике Шенгелија, но сè уште разгледуваат неколку опции.
На крајот на краиштата, тандемот Пантер – Франциско би можел да ѝ ја донесе на Барса нејзината поранешна слава.
На овој начин, бековската линија на клубот би била исклучителна и ако ги додадеме на тоа Томаш Саторански, Николас Лапровитола и Дарио Бризуела, ќе добиеме одличен тим.
Зекири ќе го скокне дуелот со Луксембург
Играч помалку ќе има на располагање во периодот на подготовките селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација Жозеп Мариа Берокал пред дуелите од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, против репрезентацијата на Луксембург, кој го игра на 27 февруари (петок) во салата „Градски парк“ во Скопје и неколку дена подоцна, на 2 март, против Азербејџан во Баку.
Поради повреда која бара дополнителен медицински третман, учеството во овој февруарски ФИБА „прозорец“ мораше да го откаже Лејсон Зеќири. Тој го информираше стручниот штаб дека има проблеми со коленото, поради што не е во можност да се стави на располагање за натпреварите кои следуваат.
Во наредните денови, селекторот Берокал ќе смета на оние 15.кошаркари кои го одработуваат вториот „работен“ ден од мини-собирот во Скопје.
Мареј ќе се врати да заигра против Голден Стејт
Кошаркарот на Њу Орлеанс, Мареј, се очекува да дебитира во сезонава на утрешниот меч на домашен терен против Голден Стејт.
Тоа ќе биде прво појавување на Мареј во НБА лигата по повеќе од 13 месеци откако ја скина Ахиловата тетива на десното стапало.
Тој во претходната сезона одигра 31 натпревар.
Томе Главчев: Ова е важен чекор во градењето на новата енергија и визија на нашата машка сениорска репрезентација
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, го имаше воведниот збор на прес-конференцијата по повод промоцијата на Жозеп Мариа Берокал за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
„Дозволете ми, како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, да ви посакам добредојде на денешната прес-конференција, која за нас претставува важен чекор во градењето на новата енергија и визија на нашата машка сениорска репрезентација.
Денес имаме чест официјално да ви го претставиме новиот селектор на македонската сениорска репрезентација, господинот Жозе Марија Берокал, тренер со богато меѓународно искуство, јасна кошаркарска филозофија и препознатлив систем на работа. Убедени сме дека со неговото знаење, професионализам и посветеност ќе донесе нов квалитет и стабилност во националниот тим.
Заедно со него, во стручниот штаб ќе работи и нашиот истакнат тренер Ѓорѓи Кочов, кој како негов асистент ќе биде важна врска помеѓу интернационалното искуство и домашната кошаркарска школа. Веруваме дека оваа комбинација претставува одличен баланс и гаранција за сериозен пристап кон предизвиците што нѐ очекуваат.
Во процесот на координација и стратешко поврзување на сите национални селекции, значајна улога ќе има и директорот – координатор на репрезентациите, легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, чиј авторитет, искуство и посветеност се дополнителна сила во создавањето на стабилен и долгорочен систем.
Како федерација, остануваме цврсто определени кон професионализација, развој на домашните играчи и враќање на препознатливиот репрезентативен дух. Пред нас се сериозни предизвици, но и можности – и веруваме дека со заедничка работа, поддршка од јавноста и медиумите, можеме повторно да ја позиционираме македонската кошарка на нивото кое го заслужува“ – порача првиот човек на македонската кошарка на собирот со новинарите во хотелот „Алксандар Палас“ во Скопје.