Шпанскиот стручњак, Џоан Пењароjа ќе биде новиот тренер на КК Партизан, објавија речиси сите српски медиуми. Клубот засега негира дека постигнал договор со Шпанецот. Партизан е тренер откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка.
По оставката на Обрадовиќ, тимот го предводеше неговиот помошник Мирко Оцокољиќ. Под негово водство, Партизан го победи Баерн во Евролигата и Клуж во АБА лигата.
Според медиумите, Пењароjа официјално ќе стане тренер на Партизан во петок, по натпреварот со Црвена звезда во Евролигата.
Шпанецот и Партизан се договориле соработката да трае до 2027 година.
Пењароjа (54) е тренер со богато искуство на елитното европско ниво, ги водеше Барселона, Басконија и Валенсија, а најголемите успеси ги забележа со Бургос, со кого освои две титули во Лигата на шампионите (2020, 2021) и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Пењароjа, пред еден месец, поради лошите резултати доби отказ во Барселона.
За Атаман, Шенгун е подобар центар од Јокиќ
Ергин Атаман главниот тренер на турската репрезентација и на грчкиот Панатинаикос, го пофали настапот на центарот на Хјустон, Алперн Шенгун.
„Технички, Шенгун е најдобриот центар во светот во додавања. Според мене, тој е супериорен во однос на Никола Јокиќ. Тој има 23 години и само ќе станува подобар“, рече Атаман.
Турскиот кошаркар има просек од 23,1 поен, 9,1 скока и 7,1 асистенции по натпревар
Малинков седна на клупата на Кожуф
Ново име за клупата на тимот од Гевгелија е Љупчо Малинков, кој ќе го преземе кормилото од Апостоли Апостолов.
Досегашниот предводник на Кожув ќе остане во клубот, но ќе работи во младинските категории.
Малинков во својата тренерска кариера работеше Еуро Никел, ФМП Академија и последно во Гостивар а имаше и ангажмани во Косово.
Оваа сезона Кожув има солиден скор од пет победи и четири
Дончиќ спремен да се врати на терените по краткиот одмор во Словенија
Откако пропушти неколку натпревари поради повреда и раѓањето на своето второ дете, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе се врати во составот на НБА лгашот Лос Анџелес Лејкерс на следниот натпревар против Филаделфија на гостински терен, јавија денеска американските медиуми.
Порано оваа седмица, Дончиќ отпатува во Словенија за да биде со својата партнерка Анамарија Голтес за раѓањето на нивната втора ќерка, Оливија.
Со ефект од четири победи и два порази во отсуство на Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс се израмнети со Денвер на второто место на табелата во Западната конференција (16-6).
Оваа сезона, Дончиќ на 16 натпревари во дресот на Лејкерс има просек од 35,3 поени, 8,9 асистенции, 8,9 скокови, 1,6 украдени топки и 0,6 блокади.
За утрешниот дуел на Лејкерс против Филаделфија сè уште е неизвесен настапот на Леброн Џејмс.
Барса размислува за напуштање на Евролигата
Жоан Лапорта, претседателот на Барселона зборуваше за можноста клубот да ја напушти Евролигата.
Тој тврди дека е подготвен да го продолжи договорот со Евролигата, но со услов.
„Лиценцата на Евролигата истекува во јуни 2026 година, а клубовите што нема да ја обноват ќе го изгубат правото да се етаблираат. Се обидуваме да ѝ дадеме до знаење на Евролигата дека Барселона е важен дел од натпреварувањето и тие го разбираат тоа. Предложивме обновување со Евролигата, но со можност за флексибилност во случај предлогот на НБА да биде подобар“, рече Лапорта.
Во меѓувреме, НБА не губи време.
„НБА ни нуди средба за да можат да ни дадат повеќе детали за предлогот. Засега, сите овие средби звучат многу ветувачки, но сè уште немаме конкретна понуда“, заклучи Лапорта.
Пораз на пелистерци по голема борба на дербито со ТФТ
Кошаркарите на Пелистер по голема борба загубија на дербито со ТФТ со 83-87, уште еден меч во кој „зелено-белите“ беа блиску до триумф, но падот на концентрација во финишот придонесе да не се радуваат на победа со своите верни навивачи.
Андреј Митревски погоди тројка за прво водство на Пелистер од 3-2, по што ТФТ одигра неколку квалитетни минути и поведе со 3-8. Пелистер имаше одговор, Митревски погоди уште една тројка, а откако Си-Џеј Вилсон стрелаше прецизно од далечина „зелено-белите“ поведоа со 12-11. До крајот на четвртината се играше израмнето, но Пелистер со слободното фрлање на Малешевиќ го доби овој период со 20-18.
ТФТ ја отвори втората четвртина со пет поени во низа, за момент поведе со 20-23, но следеше одговор меѓу Малешевиќ и Стајиќ и ново водство на Пелистер. Дуелот беше израмнет до 31-30, за Пелистер да го крене нивото на одбрана, примајќи само два поени до крајот на полувремето и на одмор да замине со 40-32 по реализациите на Брејси Дејвис.
Почетокот на третата четвртина донесе и проблеми во нападот за „пелистерци“, кои постигнаа само три поени во првите четири минути од четвртината, па гостите поведоа со 43-44. По негативата од 50-52 Пелистер одговори со осум поени во низа, но ТФТ се врати и израмни на 62-62, за во последните 10 минути да се влезе со минимално водство на битолчани од 64-62.
Пелистер имаше 70-66 во 33. Минута, кога се соочи со проблем по четвртата лична грешка на единствениот центар во тимот, Ленгстон Вилсон. Неколкуте чудни судиски одлуки им овозможија на гостите да поведат со 72-73, пред Даскаловски да побара тајмаут на нецели пет минути до крајот.
Стајиќ погоди важна тројка за 75-75, но потоа Пелистер влезе во серија грешки со кои му овозможи на гостинот да поведе со 75-78.ТФТ поведе со „плус шест“, битолчани не се откажаа борејќи се до крај, но сепак немаа сила за чудо во последната минута.
Малешевиќ го заврши мечот со дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови, 20 поени имаше и Стајиќ, Брејси Дејвис постигна 16, а Миртевски 15 поени за Пелистер.
Чикаго ја отфрли можноста да го доведе Јанис
Репрезентативецот на Грција Јанис Адетокумбо, планира да го напушти сегашниот клуб Милвоки. Но, Чикаго Булс ја одби понудата за играчот на Милвоки.
Американските медиуми пренесуваат дека Чикаго бил контактиран за потенцијална размена, но управата на клубот ја одбила понудата. Во Чикаго не сакаат во тимот, кој го формираат за иднината, нов играч.
Јанис Адетокумбо ги има избришано сите постови на социјалните мрежи поврзани со Милвоки Бакс, а на дуелот против Детроит одигра само три минути и очекува трејд.
Грчкиот кошаркар е член на Милвоки од 2013 година. Во 2021 беше првак, а во 2019 и 2020 година беше избран за МВП на лигата.
Ноа Есенг ќе замине на операција на рамото
Тренерот на Чикаго булс, Били Донован, објави дека Ноа Есенг ќе биде подложен на операција на левото рамо, што ќе го остави надвор до крајот на сезоната 2025/26.
Осумнаесетгодишниот француски кошаркар го имаше своето деби во НБА во победата над Вашингтон (121:120). Тој исто така играше во поразот од Њу Орлеанс со 130:143. Есенг остана без постигнати поени во двата натпревара.
-Мислам дека препораката беше да се реши проблемот сега, наместо да се чека, бидејќи може да продолжи да го мачи, изјави Донован за клупската веб-страница на Чикаго булс.
Во Г-лигата за Винди Сити Булс, Есенг имаше просек од 23 поени, 8,5 скока и 30,8 минути по натпревар во четири натпревари.
Монако постави рекорд на Евролигата
Кошаркарите на Монако станаа рекордери во Евро-лигата ако се гледа бројот на постигнати поени во регуларниот дел од мечот без продолженија.
Тие вчера имаа фантастична вечер и го совладаа составот на Париз со убедливи 125:104.
Тимот од Кнежевството на тој начин ги надмина рекордите на Панатинаикос и Макаби Тел Авив кои имаа постигнато по 123 коша.
Дончиќ се врати во Словенија, нема да игра на дуелот со Торонто
Лејкерси ќе играат против Торонто вечерва без една од двете главни ѕвезди во тимот, Словенецот Лука Дончиќ, кој нема да може да игра од лични причини.
Словенецот има просек од 35,3 поени, 8,9 скока и 8,9 асистенции по натпревар, додека шутира со 47,8% од полето и 34,1% од линијата на топката во 16 натпревари оваа сезона и е клучен сегмент во составот на „езерџиите“.
Лејкерси се втори во Западната конференција со скор од 15-5.