feature

Трката во Хунгароринг во календарот и во 2023 година

Трката за Големата награда на Унгарија ќе се најде во календарот на Мото ГП шампионатот во 2023 година. Ова го потврди промоторот Дорна во четвртокот, откако и официјално беше потпишан договор со локалната самоуправа. Изградбата на патеката во близина на Дебрецин се очекува да започне во последниот квартал на 2021 година. Проектот ќе го води Габор Талмачи, кој ја освои титулата во класта до 125 кубни сантиметри во 2007 година.
„Возев за мојата земја десет години во Мото ГП, и сега ја презентирам и на друго ниво – како експерт. Се надевам дека моето знаење и искуство ќе бидат корисни за овој проект. Самата локација во близина на Дебрецин е многу важна за регионот. Но, не само за него, туку и за соседните земји Словачка, Украина и Романија. Во иднина, навивачите ќе можат лесно да го посетуваатт Дебрецин, што е добро и за градот“, заклучи Талмачи.


Леброн ја продава 20 милионската палата, еве како изгледа! (видео)

Леброн Џејмс го продава својот имот во Лос Анџелес за помала сума од таа што ја плати во 2015. година.
Тоа не значи дека кошаркарскиот суперстар е во финансиски проблеми, ниту дека ги напушта Лејкерси. Иако на овој имот често беше гостин и додека играше за Кливленд, као член на Лејкерс веќе некое време живее во друга куќа.
Тој дури има и уште еден имот на истата улица во Брентвуд, кој во 2017. година го плати 23 милиони долари, а минатата година во Беверли Хилс ја купи некогашната куќа на глумицата Кетрин Хепбрн, наводно за 36.8 милиони долари.
Овој имот во Брентвуд е стар десет години, а Леброн пред шест години го плати 21 милион долари. Сега, го продава за незначително помалку, 20.5 милиони.
Имотот се протега на 883 метри квадратни, а познат е по инцидентот од 2017. година кога некој на влезот со спреј напиша погрдни зборови кон афроамериканците.
Населбата Брентвуд во Лос Анџелес е позната по тоа што, само неколку улици подалеку, живееше О.Ј. Симпсон во време кога таму беа убиени неговата сопруга и нејзиниот пријател.


СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, НОВА ФАНТАСТИЧНА ДОБИВКА ОД ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Државна Видеолотарија на Македонија со задоволство ја претставува досега највисоката и најатрактивна добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во износ од фантастични 8 до 12 милиони денари.
Под слоганот „Играј за забава, Играј одговорно“, на барање на играчите на ВЛТ игрите на среќа, Државна видеолотарија го збогатува своето портфолио на џек пот добивки. Најновата добивка е вистински посакувана сензација како најголема добивка досега- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари.
Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Едновремено, Државна видеолотарија информира дека популарните МИНИ И МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки, остануваат и понатаму среќна опција за нашите играчи и тоа, без промени.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно
#ЕвротипСпортскиОбложувалници #Evrotip


Мусијала ќе го памети овој ден засекогаш!

Суперталентираниот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусијала го потпиша првиот професионален договор со европскиот и светски шампион, пренесува германски Билд.
Како што се наведува, фудбалерот кој е роден во Германија потпиша петгодишен договор со лидерот на Бундеслигата, по кој ќе заработува пет милиони евра по сезона.
Мусијала пристигна во Минхен во 2019. година како 16-годишен фудбалер од младинската категорија на Челзи, а дебитираше година подоцна против Фрајбург.
Оваа сезона веќе има 27 настапи и постигна четири погодоци, меѓу кои е и минатонеделниот на гостувањето кај Лацио во Лигата на шампионите.
Првиот професионален договор е само една од низата позитивни работи кои годинава му се случија на од скоро полнолетниот офанзивен играч за врска.
Неодамна тој избра да настапува за репрезентацијата на Германија, иако ги помина младинските категории на Англија.


Билбао може да освои два исти трофеи за само 13 дена!

Атлетик Билбао во период од само 13 дена ќе одигра две финалиња во Купот на кралот. Со победата над Леванте со резултат 2:1 по продолжението, Билбао се пласираше во уште едно финале на Купот. Доколку заборавивте, минатогодишното финале на Купот беше одложено за април 2021. година, бидејќи баскиските ривали, Билбао и Сосиедад побараа, доколку е потребно, да сочекаат и година дена, како би играле финале пред своите навивачи. Сепак, ниту година дена подоцна, Билбао и Сосиедад нема да играат пред навивачи, а одложеното финале од минатата година е закажано за 4. април. Значи, само 13 дена пред овосезонското финале од Купот во кое Билбао ќе се сретне со Барселона. Интересно е тоа што Билбао и Барселона во јануари играа и финале на Суперкупот на Шпанија, во кое баскијците славеа по продолжение со 3:2.


Три града остануваат без Европско првенство во фудбал

УЕФА може да ги исклучи Билбао, Даблин и Глазгов од списокот на градови за Европското првенство во 2020 година. Споменатите градови сè уште не дале гаранции во врска со бројот на навивачи што можат да бидат примени на стадионите до јуни. УЕФА сака да пополни најмалку половина од стадионите на Европското првенство. И официјалните лица на Билбао, Даблин и Глазгов сè уште не ја објавија својата подготвеност да го исполнат ова барање. Доколку се случи одложување, тогаш натпреварите од Даблин и Глазгов ќе се одржат во Англија, а средбите што треба да се одржат во Билбао ќе бидат во други градови на Шпанија. Да потсетиме дека поради пандемијата на коронавирусот, Еуро 2020 беше одложено за 2021 година. Првично, натпревари треба да се одржат во 12 градови – Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.


Ибањес потпиша нов договор со Рома

Дефанзивецот на Рома, Роџер Ибањес потпиша нов договор со римскиот тим, објави клубот од Рим на својата официјална веб- страница. Новиот договор на Бразилецот ќе го задржи на „Олимпико“ до 30 јуни 2025 година. Рожер Ибањес се приклучи на Рома од Аталанта во јануари 2020 година. Оваа сезона има 26 натпревари и 1 гол во сите натпреварувања. 22-годишниот централен дефанзивец има одиграно вкупно 36 натпревари за Рома по неговиот трансфер од Аталанта.


Погледнете го настапот на Ибра и Михајловиќ на Санремо! (видео)

Она што денови се најавуваше во Италија, синоќа и се случи. Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ се појавија и запеаја на еден од најстарите музички фестивали на светот – Санремо. Тие двајца, заедно со помош на двајца пејачи, го отпеаја познатиот хит „Ло Вагабондо“. Ибрахимовиќ и Михајловиќ не се првите луѓе од светот на фудбалот кои настапиле на Санремо. Пред нив, таа чест ја имаа Роберто Бацо, Франческо Тоти, Антонио Касано и други. Поради гостувањето на Санремо, Ибра ќе пропушти неколку тренинзи на Милан, кој е по долго време повторно е во трка за титулата во Серија А.


Милан заинтересиран за подзаборавениот Тами Абрахам

Тами Абрахам може да го напушти Челзи во летниот преоден рок. Овој 22-годишен напаѓач не се согласува со условите на новиот договор и се повеќе се зголемуваат гласините дека ќе го напушти „Стамфoрд Бриџ“. Притоа не е задоволен од статусот во тимот и ретко добива минутажа оваа сезона, па сака да ја промени средината. Ситуацијата будно ја следи италијанскиот гигант Милан, кој сака на лето да го донесе на „Сан Сиро“. Милан во јануари го донесе Томори на позајмица од Челзи, кој се покажа како одлично засилување и најверојатно ќе биде откупен на лето.


Блесна новата трибина во Охрид, Македонија добива уште еден модерен стадион

Мулти-функционалниот стадион во Охрид за кратко време ќе добие модерна трибина на источната страна, со капацитет од околу 1.000 гледачи. Трибината која започна да се гради ова време минатата година е во завршна фаза. Следуваат уредување на внатрешните простории и на просторот околу трибината. Финалната фаза од изградбата ја најави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која успешно заедно со Општините Охрид и Чаир аплицирше за средства во УЕФА. Во централниот дел од трибината предвидени се вип седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибината ќе биде наменет за инвалидизирани лица со посебни пристапни патеки. Еден дел од трибината ќе биде покриен, а согласно проектот предвидени се, просторија за вработени со санитарии, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола со санитарии, простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории и комуникации.