feature

Баерн купува уште еден фудбалер од РБ Лајпциг

РБ Лајпциг нема да го задржи играчот за врска Марсел Забицер, за кого Баерн е сериозно заинтересиран.

Според одредени натписи во медиумите, РБ Лајпциг е подготвен да го пушти својот капетан да оди во Баерн Минхен доколку платат 15-18 милиони евра. Марсел Забицер е капетан на РБ Лајпциг. Игра за германскиот клуб од 2014 година. Во текот на кариерата, тој ги бранеше и боите на РБ Салцбург, Рапид и Адмира.

Договорот на Марсел со Лајпциг важи до летото 2022 година. Минатата сезона играчот од средниот ред учествуваше на 27 натпревари од германската Бундеслига, во кои постигна осум гола (четири од пенал) и даде три асистенции.


Ремзи е можна замена за Чалханоглу во Милан

Милан продолжува да се поврзува со разни имиња за позицијата плејмејкер по заминувањето на Хакан Чалханулу во градскиот ривал Интер.

Според „Газета дело Спорт“, најновото можно засилување на оваа позиција е Арон Рамзи од Јувентус. Репрезентативецот на Велс пристигна во клубот како слободен играч пред две години и никогаш не успеа да стане клучен играч за тимот. За ова се одговорни и неговите чести повреди.

„Бјанконерите“ се надеваат дека ќе се засилат со Мануел Локатели од Сасуоло и Миралем Пјаниќ од Барселона на средината на теренот и ќе се обидат да се ослободат од големата плата на 30-годишниот играч, чиј договор е до 2023 година. Осто така постои опција Милан д аго добие Рамзи на позајмица од Јувентус, но во последните денови се пишува дека Милан може д аго привлече Никола Влашиќ од ЦСКА Москва, Иско од Реал Мадрид и Хамес Родригез од Евертон.


Баерн постигна согласност за нов договор на Кимих

Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен. По неколкумесечни шпекулации на оваа тема, универзалниот фудбалер е подготвен да потпише нов договор со германскиот гигант.

Договорот ќе биде 5 години, а платата на Кимих ќе се зголеми двојно. Во моментов, германскиот репрезентативец добива 10 милиони евра, но со новиот договор неговата плата ќе биде еднаква на онаа на Томас Милер и Мануел Нојер, а само Роберт Левандовски ќе добива поголема плата.

Самиот Кимих никогаш немал намера да го напушти Баерн. За него цело време приоритет беше да се договори со клубот за нов договор. Последниот дел од разговорите ќе се одржи во понеделник. Минатата сезона, Кимих одигра 27 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи 4 гола и 10 асистенции.


Јованоска деветта на олимпискиот карате турнир

Македонската каратистка Пуликсенија Јованоска рано наутро го имаше својот настапот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во кати, но не успеа да ја помине првата рунда откако во својата група каде имаше пет учесници заврши како петта.

Нашата каратистка на ЛОИ во Токио дојде благодарение на „вајлд-карта“ и настапи во карате кој кој за првпат беше на едни ЛОИ, успеа да освои вкупно 23.80 поени за првата ката и уште 24 поени за втората ката, по што се извади просек од 23.90, кој, за жал, не беше доволен за да се мине првиот круг во групата. Пуликсенија Јованоска, во вкупниот пласман заврши на претпоследното место во конкуренција на десет натпреварувачки.


Милан му ја нуди капитенската трака на Симон Кјаер

Симон Кјаер доби понуда од клубот за нов договор. Неговиот актуелен договор со „росонерите“ истекува во јуни 2022 година.

Сепак, искусниот централен дефанзивец брзо стана важна фигура за тимот предводен од Стефано Пиоли. Милан понуди зголемена плата на 32-годишниот Данец, од 1,2 на 1,5 милиони евра, објави „Газета дело Спорт“. Покрај тоа, Кјаер е фаворит за капитенската лента.

Капитенот Алесио Ромањоли често остануваше на клупата по трансферот на Томори на „Сан Сиро“ во јануари. Симон Кјаер се приклучи на Милан во јануари 2020 година, и досега има одиграно 58 натпревари и 1 гол за Милан.


Ховедес го менува Бироф на директорското место во германската репрезентација

Поранешниот дефанзивец на германската репрезентација и долгогодишен член на Шалке 04, Бенедикт Хеведес ќе биде назначен за нов директор на германската фудбалска репрезентација, објави „Спорт Билд“.

Хеведес ќе биде врската меѓу тимот и Германскиот фудбалски сојуз. Тој ќе мора најпрво да мине обука, пред да го замени сегашниот менаџер Оливер Бироф, чиј договор истекува во 2024 година.

Во јули минатата година, на 32-годишна возраст, Хеведес објави крај на својата професионална фудбалска кариера.


Барса бара 50 милиони евра за продажба на Гризман

Сагата за евентуалната продажба на Антоан Гризман продолжува, бидејќи Барселона сака да се ослободи од Французинот.

Трампата со Атлетико Мадрид пропадна во последен момент, но од „Камп Ноу“ се уште му бараат клуба на 30-годишниот напаѓач бидејќи сакаат да се ослободат од него.

„Се обидуваме да ги балансираме финансиите, па поради тоа сме спремни да слушнеме понуди за Гризман“, изјави Лапорта.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да го пушти Гризман доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.

Французинот е еден од најплатените фудбалер во тимот, а Барса сака значително да го намали буџетет за плати.


Судијата Скомина заминува во пензија, ќе биде директор не третолигашот Изола

Словенечкиот судија Дамир Скомина оди во пензија. Според локалните медиуми, тој е принуден да се повлече од активното судење поради повреда на коленото.

Скомина нема да остане надвор од фудбалот долго време, затоа што наскоро седнува на директорското место во словенечкиот третолигаш Изола.

Во текот на кариерата, Словенецот судеше на Светското првенство во Русија и на Европските првенства и Олимписките игри, како и на финалето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Тој беше судија на натпреварот во кој Барселона го забележа најубедливиот пораз во историјата, кога беше поразена од Баерн со 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.


Ентони во Лос Анџелес, Лејкерси капарисаа уште една ѕвезда

Кармело Ентони следната сезона ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс, тоа го објави познатиот НБА новинар, Адриан Војнаровски.

Според Војнаровски, Ентони кој беше слободен агент се договорил за едногодишна соработка со „езерџиите“. Неговиот менаџер Фрејзер, во изјава за ЕСПН ја потврдил информацијата.

Во последните две сезони еден од највозрасните кошаркари во НБА лигата ги помина во дресот на Портланд.


Илаиш Мориба ја напушта Барса и се сели во Челзи

Илаиш Мориба минатата сезона доби прилика во првиот тим на Барселона и таа знаеше како да ја искористи.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.

Каталонските медиуми потврдија дека менаџерите на Мориба не одговориле на последната понуда за продолжување на соработката.

Во исто време, тие откриваат дека пристигнала понуда од Челзи, кој е подготвен да испрати трипати поголема плата за дијамантот од „Ла Масија“.