feature

Кудуз и официјално играч на Вардар од следната сезона

Од РК Вардар и официјално го потврдија трансферот на Анте Кудуз. Од следната сезона на позицијата лев бек во тимот на Вардар 1961 ќе игра хрватскиот интернационалец Анте Кудуз (25). Македонскиот првак потпиша двегодишен договор со Кудуз и тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година. Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде настапува и лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија. Лани настапуваше со Динамо Букурешт во групната фаза од ЛШ, во група Д. Со екипата избори пласман во осминафиналето на ЛШ, но беа откажани натпреварите и административно беа одредени учесниците за Ф4 турнирот. Кудуз таа сезона постигна 61 гол, а особено значајно беше неговата улога токму во дуелите со Спортинг во елиминациите и пласманот за осминафиналето. Сезонава на 4 натпревари во Лига Европа досега постигна вкупно 11 гола. Динамо Букурешт е во група со Спортинг, Кристијанстад, Фуксе Берлин, Татран Прешов и Ним.


Меси: Не играм фудбал за пари, се забавувам со оваа игра

Лионел Меси проговори за важноста на фудбалот во неговиот живот. „Парите ми дозволуваат да живеам подобар живот, но тоа не е она што ме инспирира. Живеам за да играм фудбал, а не финансиски. Не играм за себе, туку за тимот“, изјави Меси за „Ел Мундо“. Договорот на Меси со Барселона важи до 30 јуни 2021 година. Минатото лето, аргентинскиот напаѓач се обиде да го напушти каталонскиот клуб, но сепак реши да остане. Главни претенденти за потписот на 33-годишниот играч се сметаат Манчестер Сити и ПСЖ. Оваа сезона, капитенот на Барселона учествуваше на 23 средби за Барселона, на кои постигна 15 погодоци и 6 асистенции.


Мукаетов уште четири години претседател на РФМ

Живко Мукаетов останува прв човек на ракометот во Македонија и во следните четири години. Мукаетов едногласно ја доби довербата од страна на сите делегати, а со оглед на тоа што немаше противкандидат за прв човек на ракометот беше избран со аплауз. „Сакам да се заблагодарувам на поддршката и соработката која ја имавме во сите овие години. Можам да ветам дека ќе продолжиме да работиме. Со давање на идеи, заеднички да направиме уште подобро за македонскиот ракомет. Свесни сме дека со младите треба да работиме многу повеќе, тука сме заеднички сите да го направиме тоа. Голема благодарност до сите и ајде заедно да работиме за уште подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет“, изјави Мукаетов веднаш по добивањето на довербата од делегатите. Со ова Живко Мукаетов продолжува да ја води РФМ и во следните четири години, а овој нов мандат ќе биде со важност до јануари во 2025 година.


Кедира по една деценија се враќа во Бундеслигата

Сами Кедира го напушта Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата, во дресот на Херта Берлин. Германецот не беше во плановите на Пирло и Јувентус му ја отвори излезната врата шест месеци пред истекот на договорот. За Кедира интерес покажуваа неколку клубови ширум Европа, но тој избра да се врати во Бундеслигата. Тој се договори со Херта Берлин каде ќе потпише две и пол годишен договор. Играчот веќе го минал лекарските прегледи и денес ќе стави потпис на договорот.


Удинезе го откупи договорот на Шпанецот Деулофеу

Жерар Деулофеу, потпиша договор со Удинезе, соопшти прес- службата на италијанскиот клуб. Договорот важи до 30 јуни 2024 година. Претходно, напаѓачот играше за тимот на позајмица. Деулофеу потекнува од школата на Барселона, во која се приклучи во 2003 година. Од каталонскиот клуб замина на позајмица во Евертон и Севиља, а во2015 година се врати во тимот од Ливерпул, но со постојан договор. Откако мина дел од сезоната 2016/2017 на позајмица во Милан, се врати во Барселона, но шест месеци подоцна замина во Вотфорд на позајмица. Летото 2018 година, англискиот клуб ги откупи правата на играчот. Оваа сезона, на 12 натпревари за Удинезе во сите натпреварувања, напаѓачот постигна еден гол и една асистенција.


Јуве го одбил Ливерпул за Демирал

Јувентус наводно одбил голема понуда од Ливерпул за турскиот дефанзивец Демирал. Црвените се во потрага за стопер поради големиот број повредени дефанзивци, а раководството на тимот од Енфилд го контактирале Јувентус. За 22 годишниот Демирал понудиле дури 45 милиони фунти. Сепак, Јувентус таа понуда ја одбил бидејќи сметаат дека турскиот дефанзивец вреди повеќе. Останува да видиме дали Ливерпул ќе испрати нова понуда за дефанзивецот на Старата дама или до крајот на преодниот рок ќе се обидат да најдат друго решение.


Серхи Роберто пред кам-бек, Куман добива огромно засилување

Серхи Роберто веќе неколку дена тренира со првиот тим и е се поблизу до враќање во игра, пишува Марка. 28-годишникот се опорави од повредата на десниот бут заработена на мечот против Атлетико Мадрид во ноември и веќе се подготвува со полна брзина. Тренерот Роналд Куман дури сериозно размислува да го вклучи и за натпреварот кој следи со Билбао. Опоравувањето на Серхио Роберто е одлична вест за тренерот на Каталонците, кој во негово отсуство имаше сериозни проблеми со десната бековска позиција.


Ел Шарави се врати во својата Рома

Стефан Ел Шарави се враѓа во Рома. Договорот на напаѓачот со кинескиот клуб беше со важност до летото 2022 година, но предвидуваше клаузула што му овозможува на Стефан Ел Шарави да ја напушти Кина пред предвидениот рок.„Кога дојдов во Рим за првпат, сфатив дека на овој град и на клубот не им треба многу време да станат сакани. Напуштајќи го клубот, сфатив дека тие засекогаш ќе останат во моето срце. Сега со нетрпение очекувам да се вратам на натпреварите во овој дрес“, изјави Ел Шарави за прес-службата на клубот. За потсетување, италијанското крило ја напушти Рома летото 2019 година. За „волчицата“ тој одигра 139 натпревари, постигна 40 гола и 26 асистенции. Неговата вредност во моментов се проценува на 8 милиони евра.


Заврши сезоната за Џо Гомез

Јирген Клоп ги разочара навивачите на тимот со веста дека Џо Гомез нема да се врати во игра оваа сезона. Дефанзивецот кој се опоравува од операцијата, нема да биде способен за игра до следната сезона. „Опоравувањето на Џо оди добро, но тој е сè уште далеку од враќање. Тој не е подготвен да истрча на теренот, дури и да оди во теретана. Тој има сериозна повреда. Не мислам дека ќе се врати во игра оваа сезона. Би бил многу изненаден во добра смисла на зборот ако тој успее, но не верувам во тоа“, изјави Клоп.


Евротип предлог тикет – Недела 31.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 49 коефициент:

Челзи – Барнли | 1-1, 3+
Томас Тухел има идеален противник во вториот натпревар на клупата на „сините“ да ја запише првата победа. Барнли е лош гостин, но пред една недела го победи Ливерпул и тоа треба да е силна опомена за „сините“.

Лил – Дижон | 1, 1+ПП&1+ВП
Колидерот во Лига 1 има на хартија лесен противник и можност да ја продолжи серијата на успеси. Дижон има скромен учинок на гостинските натпревари и ретко кој може да претпостави дека може да го изнанеди Лил.

Ријека – Горица | 1
На „Рујевица“ екипата на нашиот Велковски е голем фаворит против Горица. Учесникот во групната фаза на Лига Европа игра во добар ритам и покрај повредените фудбалери, би требало да се радува на победа.

Наполи – Парма | 1-1
Киксот против Верона минатата недела беше силен удар за тимот на Гатузо. Реакцијата беше видлива против Специја во Купот, а триумф над Парма е единствената опција да се остане во врвот. Тренерот најавува промени во стартниот тим за неделниот дуел.

Лестер Сити – Лидс Јунајтед | ГГ, 3+
Две екипи кои играат преубав фудбал сезонава ќе се соочат на „Кинг Пауер“ во Лестер. Домаќинот е изразит фаворит, но и Лидс игра мотивирано против фаворитите. Верувам во многу голови и спектакл.