feature

Бруно Фернандеш не размислува за понудите од Саудиска Арабија

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри зошто не си замина од Англија во претходното лето кога доби богата понуда од Саудиска Арабија.

„Останав затоа што мислев дека сè уште можам да му дадам нешто на клубот. Ми понудија многу. Добро е што со сопругата не се стремиме да бидеме најбогатите луѓе на светот.

Само сакаме да ги оствариме нашите соништа, да живееме добар живот со нашите деца и да се стремиме да постигнеме што е можно повеќе успех“, потенцираше Фернандеш.


Европските гиганти гризат за Азедин Унаи

Фудбалерот од средниот ред на Џирона, Азедин Унаи, може да добие понуда да го облече дресот на Манчестер Сити, наведуваат медиумите во Европа.

26-годишниот интернационалец од Мароко има договор до 2030 година со откупна клаузула од 20 милиони евра.

Тој во сезонава одигра 18 средби со ефект од пет голови и две асистенции. За неговиот потпис се заинтересирани уште неколку екипи од Шпанија и Италија.


Охрид со минимален пораз се врати од Словенија

Ракометарите на Охрид претрпеа минимален пораз на гостувањето кај Целје во првиот меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.

Во салата – „Златорог“ по голема борба словенечкиот тим забележа победа со 27-26. Кај домаќинот се издвои Анџиќ со осум голови додека во нашиот состав Ѓукиќ имаше пет погодоци.

Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран на 2 мај во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.


Македонија Ѓ.П. со важен триумф против Работнички

Македонија Ѓ.П. го совлада Работнички со 2-1 во денешниот натпревар од 29. коло во Прва МФЛ. „Лавовите“ освоија многу важни три бода и остануваат во трката за опстанок во елитата.

Тимот на Македонија Ѓ.П. поведе по првата опасна акциja во втората минута. По нафрлувањето, Кабаркас погоди со глава и ја затресе мрежата на Работнички. Во 14. минута, Сухељ Мухарем имаше одлична шанса за израмнување, но шутираше непрецизно. Лазаревиќ во 22.минута од корнер ја погоди гредата од голот на Работнички.

Една минута подоцна и Софијаноски со удар со глава го погоди дирекот. Шансите продолжија и на двете страни, се до 63. минута, кога Џангаровски, по одличен соло пробив успеа да постигне втор гол за Македонија Ѓ.П.

Пет минути подоцна, Сухељ Мухарем успеа да намали на 2-1 со прецизен удар од непосредна близина. Манојлов во 78.минута имаше шанса за израмнување, но не успеа.

Македонија ЃП останува претпоследна, но сега со 27 бодови, односно само еден бод помалку од Работнички, а два од Пелистер, кој е прв над линијата за место во баражот. До крајот има уште четири кола, а во следната рунда тимот од Ѓорче ќе гостува кај испаднатиот Шкупи, додека Работнички го очекува директен дуел против Пелистер.


Брандт е фаворит за наследник на Гризман во Атлетико Мадрид

Францускиот офанзивец Антоан Гризман по завршувањето на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе се пресели во Орландо, со кој веќе има потпишано преддоговор.

Ова е второ заминување на Гризман од мадридскиот клуб, откако претходно во 2019 година се пресели во Барселона, за потоа повторно да се врати две години подоцна.

Во Атлетико веќе активно работат на негова замена, а според пишувањата, во игра е звучно име кое би пристигнало како слободен играч. Станува збор за Јулијан Брандт. Офанзивниот играч за врска, кој го завршува седумгодишниот престој во Борусија Дортмунд, е високо ценет на трансфер пазарот.

Спортскиот директор Матеу Алемани внимателно ја следи ситуацијата и ги разгледува сите опции.

Сепак, јасно е дека Брандт, како слободен агент, ќе бара висока плата и значаен бонус за потпис, но во Атлетико го гледаат како профил кој може да ги пополни празнините што ќе ги остави Гризман. Германецот се смета за сериозен кандидат, и покрај тоа што во мај ќе наполни 30 години.

Во 303 настапи за Борусија Дортмунд, Брандт има учинок од 57 голови и 69 асистенции, бројки кои се импресивни за играч од средниот ред. Претходно настапуваше и за Баер Леверкузен и Волфсбург, каде исто така остави добар впечаток.


Фулам со минималец ја прекина победничката серија на Астон Вила

Фулам запиша минимална победа од 1-0 против Астон Вила во 34. коло од Премиер лигата и стигна до својата 14. сезонска радост.

Решавачкиот момент се случи пред паузата, кога Рајан Сесењон погоди во 43. минута. Домашниот тим имаше иницијатива и по одморот, постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради прекршок врз Емилиано Мартинез.

Гостите се обидуваа да избегнат пораз, но не најдоа решение за одбраната на Фулам. И покрај неуспехот, Вила останува четврта со 58 бода и се уште е во добра позиција за место во Лигата на шампионите, додека Фулам е десетти.


Сериозно обвинувања за Џанлука Роки

Италијанскиот фудбал повторно е во центарот на скандал, откако обвинителството во Милано покрена истрага против поранешниот арбитар Џанлука Роки поради сомнежи за влијание врз натпревари во Серија А.

Според наводите, 52-годишникот се товари за криминална завера и спортска измама, со индиции дека директно влијаел врз одлуките на ВАР-судиите.

Еден од клучните случаи е натпреварот меѓу Удинезе и Парма од март 2025, кога првичната одлука да нема пенал била сменета по реакција од ВАР-собата, каде наводно Роки извршил притисок.

Под сомнение е и ситуацијата со Алесандро Бастони на дуелот меѓу Интер и Верона, кога и покрај јасен прекршок не бил досуден црвен картон по наводна интервенција.

Доколку обвиненијата се докажат, Роки се соочува со затворска казна од 2 до 5 години.


Милитао ризикува да го пропушти Мундијалот

Лоши вести, претпладнево од Мадрид доби бразилскиот селектор, карло АНчелоти. Се потврдија најлошите прогнози, дека Едер Милитао нема да игра на Светското првенство за Бразил.

Дефанзивецот на Реал ја обнови повредата на мускулот на левата нога, за која ќе биде потребна операција и нема да биде на теренот во следните четири месеци, објави „Ас“.

Милитао почувствува болка на крајот од првото полувреме против Алавес, поради што мораше да биде заменет. Првата проценка беше дека ќе паузира помеѓу четири и пет недели, но по магнетната резонанца било утврдено дека ќе има многу подолга пауза.

Во консултација со клупскиот медицински тим, донесена е одлука да се подложи на операција.

Се очекува дека ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона.


Марк Маркез најбрз на спринтот во Херез

Марк Маркез, на домашен терен во Херез, победи во спринт трката. Самата трка беше вистински спектакл, за што придонесе дождот, а Маркез победи и покрај тоа што го загуби водството од својот брат Алкес, а веднаш потоа и падна. Актуелниот првак, успеа да се врати на својот мотор, успеа да дојде до боксот, седна на мотоциклот со гуми за дожд и на крајот ја забележа втората спринт победа оваа сезона.

Дукати, во Херез, успеа да одговори на предизвикот што го наметна Априлија. Покрај Маркез на подиумот се најдоа и Франческо Бањаја, односно Франко Морбидели од ВР46 Дукати тимот.

Априлија, доживеа дабакл, бидејќи главните возачи, лидерите во генералниот пласман, Марко Бецеки и Хорхе Мартин, не ја завршија трката. Бецеки, имаше лош страт, од четвртата падна на 15-та позиција, а кога започнаа влегувањата во боксот, поради дождот, го смени мотоциклот и падна веднаш по враќањето на патеката.

Мартин, имше добар старт, од седмото дојде на четвртото место, но на влезот во третиот круг, кога го мина Алекс Мартин, откажаа неговите сопирачки, поради што се повлече од трката.


Јуве се вклучи во трката по Салах

Мохамед Салах, се подготвува да го напушти „Енфилд“ ова лето, a пред него остануваат уште пет натпревари пред да донесе конечна одлука за својата иднина во следната сезона.

Во меѓувреме, додека шпекулациите се засилуваат, спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолини, јасно ги демантираше информациите дека италијанскиот клуб воспоставил контакт со фудбалерот.

Покрај тоа што 33-годишниот Египќанец се очекува да ги напушти „црвените“ на крајот од сезоната, враќањето во Серија А останува една од можните опции.

Тој веќе има искуство во италијанскиот фудбал како играч на Рома, каде настапуваше под водство на сегашниот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, а како потенцијални дестинации се споменуваат и Наполи и Милан.