feature

Анчелоти обвинет за затајување данок

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, се соочува со сериозни обвинувања во Шпанија.

Италијанскиот стручњак следната недела ќе се појави пред суд за затајување данок, а јавниот обвинител тврди дека станува збор за сума поголема од еден милион евра. Анчелоти го негираше обвинението и ќе се брани на суд.

Се очекува Анчелоти да оди на судење на 2 април, каде што ќе треба да ја објасни сумата од 1.062.079 евра, која наводно настанала поради неправилности во даночните пријави за 2014 година (386.361 евра) и 2015 година (675.718 евра). Веќе е запленет неговиот имот во износ од 1.217.958,24 евра, со што долгот е подмирен.

Тренерот на Реал призна дека платил недоволен износ на даноци во 2014 година поради грешка на неговите сметководители, додека во 2015 година негираше какво било кривично дело бидејќи не поминал минимум 183 дена во земјата.

„Тоа е стара приказна. Тие веруваат дека сум бил жител во 2015 година, а не сум бил. Казната е платена и сè е сега во рацете на моите адвокати. Верувам во мојата невиност, ќе видиме што ќе одлучат судиите”, изјави претходно Анчелоти.

Шпанското обвинителство бара затворска казна од четири години и девет месеци доколку биде прогласен за виновен.

Само еден ден по судењето, Анчелоти има реванш полуфинален натпревар од Копа дел Реј против Реал Сосиедад.


Грчевски го одреди списокот за баражот со Полска

Селекторот на нашата женска репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за баражот со Полска за место на Светското првенство.

Првиот меч ќе биде одигран во Полска на 9 април додека реваншот ќе биде три дена подоцна во Битола. Еве го списокот на ракометарки:


Евротип ги награди своите вработени за нивниот 10 годишен работен јубилеј

Евротип компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од КС Групацијата започна со доделување на јубилејни награди за своите вработени.

Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија, а Евротип може да се пофали со голем број вработени кои ја градат својата кариера во компанијата и придонесуваат за нејзин раст и развој.

Во текот на месец март претставници од менаџерскиот тим на компанијата организирано ги посетија организационите единици во Прилеп, Битола, Кичево и Кавадарци во кои имаат вработени со 10 годишен стаж. Десет години лојалност и посветеност кон компанијата не е само број туку вистински израз на приврзаност на вработените кон самата компанија.  На вработените од Прилеп – Влатко Стојаноски, Николина Ѓоргиеска, Грозданка Мазароска, Драгиш Димоски, Љупка Коста, Деан Наумоски, Анета Талеска и Јасмина Јошеска, Битола – Даниела Тодорова, Светлана Митровска, Ана Митковска и Билјана Зајковска, Кичево – Маријана Данилоска, Снежана Николоска и Николина Панделеска, и Кавадарци – Павлинка Димова и Пенелопи Гурева кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток Евротип им додели плакети, парични  награди и вредносни ваучери кои можат да ги искористат во Голд Фелициа, ЈК Травел или Минт ИНС, како знак на благодарност за нивната посветена работа и вложен труд во деловниот процес на компаниското работење. Вработените се лицето на компанијата кое е видливо за клиентите и надворешниот свет. Ниту една компанија не би можела да опстои на пазарот без вработени кои веруваат во вредностите на компанијата.

Евротип како општествено одговорна компанија исто како и останатите компании од КС Групацијата – Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт ги цени и вреднува своите вработени.

Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и поуспешен.

Евротип им честита за јубилејните награди на своите вработени, им се заблагодарува за нивниот придонес кон работата и им посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.


Јуве се распрашува за Дани Себаљос

Италијанскиот елитен фудбалски состав Јувентус ќе се обиде да ја засили дефанзивата со ангжман на играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, наведуваат дел од медиумите на „Чизмата“.

Според нив, 29-годишниот играч има отворена врата да си замине од стадионот – „Сантијаго Бернабе“ и да се пресели во Италија.

Шпанците за неговиот потпис бараат 15 милиони евра што не би требало да биде проблем за „старата дама“ од Торино.


Муту: Ќе ја освоев „Златната топка“ ако не беа проблемите со кокаинот

Легендарниот Адриан Муту вели дека најголема грешка му било тоа што шмркал кокаин, и смета дека лесно ќе ја освоел „Златната топка“ доколку работите се одвивале поинаку.

Адриан Муту во август 2003 направи трансфер во Челси вреден 22,5 милиони евра и беше дел од револуцијата што се случуваше на Стемфорд Бриџ под капата на новиот газда Роман Абрамович.

Но една година подоцна, авантурата на Романецот во Лондон се претвори во кошмар, беше позтивен на допинг тест.

„Тоа што шмркав кокаин кога бев во Челси е најголемата грешка која ја направив во кариерата. Бев осамен и тажен, но ниту мојата депресија не треба да бие оправдување за постапките“.

„Требаше да побарам помош и не го сторив тоа. Сепак, учите од се во животот и таа лекција ме направи подобар човек, многу позрел и посвесен. И горд сум на тоа.

Многупати имам размислувано што можеше да се случи доколку не шмркав кокаин, едно време бев помеѓу најдобрите во светот и лесно можев да ја освојам „Златната топка“. Но одлуките ме однесоа на друг пат“, рече Муту.


Гризман се предомислил, ќе остане уште една сезона во Мадрид

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, Антоан Гризман судејќи според се ќе остане во редовите на шпанскиот клуб и во текот на наредната сезона и покрај тоа што се најавуваше дека на лето може да се пресели во друг клуб.

Договорот на Гризман истекува на крајот на јуни 2026 година и изгледаше дека може да оди на друга дестинација, се споменуваше МЛС лигата.

Шпанските медиуми сега пренесуваат дека Атлетико сепак одлучил да го задржи и во завршната година од дговорот.

На ваквите информации се додава изјавата на Оливие Жиру кој на прашањето дали би сакал неговиот сонародник да му се придружи во Лос Анџелес одговори дека според неговите извори Антоан треба прво да разговара со Атлетико.

Гризман во последниот период не игра најдобро и повеќе од еден месец е без постигнат гол. Атлетико од друга страна сезонава е конкурентен со Реал и Барселона кога во прашање е трката за титулата во Шпанија.


Кудус го напушта Вест Хем и се сели во Ал Наср

Фудбалерот на Вест Хем, Мохамед Кудус, може да добие понуда да се пресели во Саудиска Арабија во екипата на Ал Наср.

Клубот во кој игра Кристијано Роналдо е подготвен да понуди 84 милиони фунти за играчот од средниот ред на „чеканите“.

Интернационалецот од Гана во тековнава сезона во Премиер лигата одигра 24 натпревари, постигна 3 гола и направи една асистенција.


Пиоли експресно се враќа во Италија, ја презема клупата на Рома

Италијанскиот новинар, Џанлуиџи Лонгари, објави дека Стефано Пиоли нема намера да го продолжи престојот во Саудиска Арабија и дека очекува повик од Рома.

Поранешниот тренер на Милан и Лацио не е задоволен како се одвиваат работите во Ал Наср и размислува да се врати во Европа.

Познато е дека „Римската волчица“ интензивно бара тренер кој ќе го замени Клаудио Раниери. Искусниот стратег од јуни ќе се активира во раководниот дел на клубот од Рим.


Барса ја надигра Осасуна и побегна на врвот на табелата

Фудбалерите на Барселона на домашен терен ја совладаа Осасуна во натпревар кој требаше да се игра пред две недели, но беше одложен поради смртта на клушскиот лекар.

Барселона победи со 3-0 и по 20-та сезонска победа се наоѓа на првото место на табелата со 63 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и седум повеќе од Атлетико.

По само 21 минута Барселона водеше со 2-0.

Се започна со голот на Феран Торес во 1. минута, а 20 минути подоцна погоди Дани Олмо. Она што е проблем за Ханси Флик е фактот што во 28. минута мораше да го извади од игра Олмо поради повреда.

Третиот гол го постигна Роберт Левандовски. Полјакот влезе во игра во 68. минута, а во 77. минута ја испрати топката во мрежата по одличното нафрлување на Фермин Лопез, кој беше замена за Олмо во првото полувреме.


Асенсио добива поголема плата и ослободителна клаузула во Реал

Реал Мадрид размислува да ја зголеми платата на 22-годишниот централен дефанзивец Раул Асенсио на 9 милиони евра според новиот договор. Ова го објави „Дефенза Централ“.

Според изворот, Реал Мадрид може да ја зголемат и откупната клаузула за шпанскиот фудбалер на 500 милиони евра. Се нагласува дека шпанскиот гигант сака да го направи тоа за трајно да го запрат секој обид за ангажирање на играчот од европските клубови, па дури и од Саудиска Арабија“.

Асенсио оваа сезона одигра 40 натпревари во сите конкуренции на кои имаше две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, вредноста на фудбалерот е 30 милиони евра.