фудбал

Лацио го продаде Гендузи во Фенербахче

Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче.

Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година.

Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај.

Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.


Брегот на слоновата коска и Алжир последни четвртфиналисти на Купот на Африка

Репрезентациите на Брегот на Слоновата коска и на Алжир последни изборија пласман меѓу осумте најдобри на АФКОН (Африкански куп на Нациите). Брегот на Слоновата коска е последниот четвртфиналист на АФКОН, откако синоќа со 3-0 ја совладаа екипата на Буркина Фасо во последното осминафинале. Фаворитот стигна до сигурна победа, која ја навести во првиот дел со двата гола на Амад Диало во 20.минута и на Јан Диоманде во 32.минута. Конечните 3:0 ги постави Базумана Туре во 87.минута.

Многу повеќе неизвесност имаше на првиот вчерашен дуел во кој Алжир дури по продолжение со голот во 119.минута на Адил Булбина го совлада Конго.

Според распоредот во четвртфиналето на 9.јануари ќе играат: Мали – Сенегел и Мароко – Камерун, а следниот ден се другите два четвртфинални дуела: Египет – Брегот на Слоновата коска и Алжир – Нигерија.


Овен типува на Карик за клупата на Јунајтед

Поранешниот англиски репрезентативец и играч на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен има решение за клупата на „црвените ѓаволи“ по отказот на Рубен Аморим. Тој смета дека екс играчот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик би бил опција за клубот до крајот на сезоната.

Овен притоа се осврна и на отказот на Португалецот Аморим.

„Тоа е резултат на тоа што се случувало надвор од теренот и слично со тоа што му се случи на Мареска. Клубот отказот го соопшти следното утро, откако Аморим имаше жестока изјава по нерешениот резултат (1-1) со Лидс. Изгледа дека тоа ја прели чашата“, изјави Овен.

Манчестер Јунајтед вечерва во натпревар од 21.коло од Премиер лигата гостува кај Барнли.


Роналдо го сака Рудигер во Ал-Наср

Според шпанските медиуми, поточно порталот “Fichajes”, португалската ѕвезда му препорачала на раководството на Ал Наср да го доведат во нивниот тим играчот на Реал Мадрид.

Станува збор за германскиот репрезентативец Антонио Рудигер, кој веќе неколку сезони претставува еден од столбовите на одбраната на кралскиот клуб.

Роналдо смета дека доаѓањето на искусниот дефанзивец би го зголемило квалитетот на одбранбената линија на саудискиот клуб.

Наводно, Португалецот е уверен дека Рудигер веднаш би донел стабилност, сила и победнички менталитет во тимот на Ал Наср.

Управата на клубот од Саудиска Арабија сериозно ја разгледува оваа опција, свесна дека препораката од Кристијано Роналдо има посебна тежина.

Сепак, трансферот сѐ уште не е близу до реализација, бидејќи самиот играч не донел конечна одлука за својата иднина.

Антонио Рудигер моментално е фокусиран на завршувањето на сезоната со Реал Мадрид, со кој има јасни натпреварувачки цели.

На германскиот дефанзивец му истекува договорот со мадридскиот клуб на лето, што отвора простор за преговори со други клубови.


Тен Хаг е нов спортски директор на Твенте

Холандскиот фудбалски стратег Ерик тен Хаг е именуван за нов технички директор на Твенте, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо.

Тен Хаг моментално е без ангажман откако брзо по почетокот на сезоната доби отказ во Леверкузен, И покрај очекувањата дека ќе внесе нова енергија во клубот кој без пораз ја освои двојната круна во сезоната 2023/24 под водство на Чаби Алонсо, раководството на „фармацевтите“ реши да се раздели со него поради незадоволителните резултати.

Именувањето во Твенте претставува враќање за Тен Хаг, кој важи за една од најголемите клупски легенди. Тој е навивач на клубот уште од детството, израсна низ младинската школа и како капитен го предводеше тимот до освојување на Купот на Холандија во 2001 година, еден од ретките три големи трофеи во историјата на клубот. Во дресот на Твенте настапи на вкупно 262 натпревари во три различни периоди, а во повеќе наврати јавно истакна дека чувствува „огромна љубов“ кон клубот.

По завршувањето на играчката кариера, Тен Хаг токму во Твенте ги направи првите чекори како тренер, водејќи ги тимовите до 17 и до 19 години. Подоцна беше и помошник тренер на првиот тим, функција што ја извршуваше сè до доаѓањето на Стив Мекларен во 2008 година.


Рома ги продолжи договорите со двајца „сенатори“

Дефанзивецот Џанлука Манчини и играчот од средниот ред Брајан Кристанте ќе потпишат нови долгорочни договори со Рома.

Според инсајдер Фабрицио Романо, договорите за соработката со двајцата фудбалери се речиси постигнати.

Дваесет и деветгодишниот Манчини е во Рома од септември 2020 година. Неговиот тековен договор важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна еден гол и направи една асистенција на 24 натпревари.

Триесетгодишниот Кристанте е во Рома од јули 2019 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2027 година. Оваа сезона, играчот од средниот ред одигра 22 натпревари, постигна еден гол и направи една асистенција.


Рубен Диаз шест недели надвор од терените

Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Рубен Диаз, претрпе повреда на тетивата.

Тренерот на „Граѓаните“, Хозеп Гвардиола, на прес-конференција објави дека Португалецот ќе отсуствува од четири до шест недели.

Претходно беше објавено дека дефанзивецот на Сити, Јошко Гвардиол, ќе биде надвор од терените подолг период исто така поради повреда. Двајцата се повредија во неделата во ремито 1-1 со Челзи во 20. коло од Премиер лигата.

Дваесет и осумгодишниот Диаз има одиграно 25 натпревари во сезоната 2025/26, постигна два гола.


Вардар го продолжи договорот со Спахиу

Почетокот од зимскиот преоден рок Вардар го користи да ги продолжи договорите на дел од своите фудбалери, клубот потврди дека Едиз Спахиу ќе го носи црвено-црниот дрес и во наредните две години.

Вардар и Спахиу потпишаа продолжување на соработката до јуни 2028 година.

„Роден во Гостивар, 24 годишниот напаѓач на Вардар, Едиз Спахиу, ја продолжи верноста со најтрофејниот клуб уште две години. Минатата година во зимскиот преоден рок прејде од екипата на Тиквеш, со која го освои трофејот Куп на Македонија една година претходно, за да минатата година со екипата на Вардар повторно го подигне победничкиот пехар на Купот на Македонија. Се работи за изворедно брз, експлозивен, интелегентен играч од нападот, од кого црвено-црните очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи, притоа обезбедувајќи услови за тренинг и напредок како во ниту еден клуб во државата. ФК Вардар и Спахиу заедно ќе бидат до јуни 2028 година“, стои во соопштението на ФК Вардар.


Јуве и Рома со рутински победи на првите гостувања во 2026 година

По ремито со Лече во претходното коло, Јувентус вечерва се врати на победничките патеки, славејќи убедливо со 0-3 на гостувањето кај Сасуоло.

„Старата дама“ не прикажа спектакуларна игра, но за разлика од минатиот натпревар, овојпат беше далеку поефикасна во завршницата.

Јувентус поведе во 16. минута, а во погодокот имаше и доза на среќа. По нафрлувањето на Калулу, дефанзивецот Мухаремовиќ несреќно ја погоди сопствената мрежа.

Тоа беше единствениот гол во првиот дел, а во продолжението гостите експресно го решија прашањето околу победникот. Во рок од само една минута, Јувентус постигна уште два погодоци, најпрво Мирети се запиша во листата на стрелци во 62. минута, а веднаш потоа Дејвид ги постави конечните 0-3.

Претходно денеска победа забележа и Рома која е во борба за четвртата позиција со Јувентус. „Волчицата“ го совлада Лече со 0-2.


Лука Зидан: Среќен сум што моите родители се на Африканскиот куп на нации и што ме поддржуваат

Алжирскиот репрезентативен голман Лука Зидан ја пофали поддршката што ја доби од своите родители на Африканскиот куп на нации.

„Среќен сум што се тука и што ме поддржуваат. Сите играчи знаат: кога семејството доаѓа, тоа е посебно“, го цитира „SNTV“ 27-годишниот голман.

Лука е син на Зинедин Зидан, шампион на Светското првенство и Европа со француската репрезентација.

Во групната фаза на Африканскиот куп на нации, Лука Зидан му помогна на својот тим да ги победи Судан (3:0) и Буркина Фасо (1:0). Неговиот татко беше присутен на двата натпревари.

Алжир вечер од 17:00 часот ќе се соочи со Демократска Република Конго во осминафиналето.