фудбал

Португалецот Фонсека ќе биде наследникот на Брус?

Њукасл оваа недела ќе започне разговори со Пауло Фонсека за нов менаџер на тимо.. Португалецот е еден од неколкуте кандидати за функцијата која е испразнета пред само неколку часа од Стив Брус. Отказот на Англичанецот се очекуваше околу две недели, но на крајот доби можност да го предводи тимот за последен пат во текот на викендот против Тотенхем во натпревар што заврши 3:2 во корист на лондончани.

Фонсека беше последен пат на клупата на Рома, а летото преговараше со Тотенхем, но на крајот тие се одлучија за Нуно Еспирито Санто.  Фонсека е трикратен шампион на Украина и трикратен освојувач на Националниот куп на Украина со Шахтјор Доњецк, како и победник на Купот на Португалија со Брага.


Месут Озил интересен за Њукасл

По преземањето на Њукасл од саудиските сопственици, секој ден излегуваат информации за можни договори со  големи фудбалски имиња. Познати тренери и играчи постојано се поврзуваат со доаѓање на “Сејнт Џемс Парк“.

Најново име кое се поврзува со облекување на црно-белиот дрес на Њукасл е бившиот играч на Арсенал и германски репрезентативец, Месут Озил. 

Освен за Озил кој моментално настапува во турската лига за екипата на Фенербахче, од Њукасл се заинтересирани и за доведување на неговиот клупски соиграч, голманот Алтан Бајендир.


Салах го сруши рекордот на Џерард

Со двата гола на синоќешниот меч со Атлетико Мадрид, голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах постави нов клупски рекорд.

Египќанецот постави нов клупски рекорд по бројот на постигнати голови во Лигата на шампионите – 31.

Тој од врвот на листата го симна легендарниот поранешен капитен на тимот, Стивен Џерард кој имаше 30 гола за Ливерпул во Лигата на шампионите.


Најубавиот пенал изведен некогаш…

Овој изведен пенал ни доаѓа од ниските лиги во Англија.
Погледнете го овој хит од Островот:


Роналдо: Лигата на шампионите е совршен турнир за докажување

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ги повика своите соиграчи во обид да ги мотивира и да покажат што знаат во дуелот од Лигата на шампионите против екипата Аталанта и со тоа да се вратат на победничкиот пат. 

„ Нашето време доаѓа. Мораме да покажеме од што сме создадени, а Лигата на шампионите е совршено место за докажување пред светот. Нема оправдувања! Ајде да го направиме тоа! “, Напиша Роналдо на својот Инстаграм профил.


Ансу Фати добива нов договор, останува во Барса до 2024 година

Барселона во наредните денови ќе го официјализира новиот договор на Ансу Фати, тврдат каталонските медиуми.

Како што потврдија денес повеќе извори директорот на Барселона отпатувал во Португалија на завршни преговори со агентот Жорж Мендеш. Ансу Фати има договор до 2022 година и Барселона има опција за продолжување до 2024 година, но веќе подолго време беше во преговори за нов договор.

Според извештаите новата „десетка“ на Барселона ги одбил сите останати понуди и ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.

Финансиските детали не се познати, но 18-годишниот талент ќе добие значително зголемување на платата.


Клоп: Тешко стекнатите победи се највредни

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп,  изрази задоволство од победата во Лигата на шампиони над Атлетико Мадрид со 3:2 и вели дека највредни се триумфите постигнати со не толку добра игра.

Ливерпул брзо поведе со 2:0, по што следеше израмнување од домашниот тим, но пред на крајот средбата Мохамед Салах донесе триумфот со гол од пенал. Драмата беше целосна бидејќи судијата досуди пенал за домаќините, но по интервенцијата на ВАР и прегледување на ситуацијата, ја укина неговата одлука. Антоан Гризман доби црвен картон опасна игра над Фирмино.

„Секако дека беше тежок натпревар. Сепак, воопшто не ми е грижа како победуваме. Највредни се тешките победи. Во ваков натпревар, освојувањето на трите бода беше од големо значење “, рече Германецот. 

Клоп, смирено го прифати фактот дека Диего Симеоне не го поздрави по натпреварот.

„Неговите постапки не беа правилни, но во исто време јас целосно го разбирам. Не сакав луто да реагирам кон него, но на крајот сакав да му ја подадам раката, а тој не го стори тоа. Неговата реакција не беше пријатна, но и мојата исто така, двајцата сме емотивни поединци“, изјави Клоп.


Салах со нов рекорд во дресот на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах продолжува да воодушевува со своите игри оваа сезона и собори уште еден рекорд во дресот на „црвените“.

Салах постигна два гола во успехот на Ливерпул против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите со 3: 2. Тој сега има постигнато 31 гол во 48 натпревари со што стана играч со најмногу постигнати голови за Ливерпул во Лигата на шампионите. Досега рекордот го држеше Стивен Жерард со 30 голови.


Меси и Роналдињо во другарска прегратка (Видео)

Поранешниот играч на ПСЖ, Роналдињо беше во Париз за да го проследи натпреварот од Лигата шампионите против екипата на Лајпциг кој заврши со победа на ПСЖ 3:2.

На загревањето пред почетокот на средбата, Роналдињо излезе на теренот за да се поздрави со својот бивш соиграч од Барселона, Лионел Меси. Двајцата се поздравија со емотивна прегратка што беше поздравено од публиката на “Паркот на принцовите“.


Украинецот Лунин мета на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд покажува интерес за голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин пренесуваат германските медиуми.„Милионерите“ имата за цел да купат млад и перспективен голман на кого ќе можат да ја градат иднината.

Во моментов Борусија ги има Бурки и Кобел кои конкурираат за прв голман во тимот. Меѓутоа „милионерите“ бараат нов голман, а примарна цел е Лунин.

22-годишниот Лунин има само еден меч за Реал Мадрид откако беше донесен во 2018 година. Украинецот има договор со „кралевите“ до 2024 година, но Куртоа е прв избор и самиот сака да ја промени средината.