фудбал

Манчестер Сити спрема нов договор за Фоден

Актуелниот шампион во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, е многу блиску до постигнување договор за продолжување на соработката со младата звезда на тимот, Фил Фоден.

Со новиот договор репрезентативецот на Англија би добил сериозно зголемување на платата, а истиот би бил со важност до 2027 година.

Се очекува Фил Фоден да ја прифати понудата и да стане еден од главните носители на играта кај Пеп Гвардиола.

https://twitter.com/City_Chief/status/1450140058678349833?s=20

Сергеј Милинковиќ-Савиќ интересен за Ливерпул

Фудбалерот на римски Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е најновото име кое се најде на радарот на Јирген Клоп и Ливерпул.

26-годишниот Србин, игра во одлична форма од стартот на сезоната со постигнати три гола и две асистенции на осум натпревари. Ливерпул во него гледа идеална замена за Џиџи Вајналдум кој летово како слободен играч ги напушти “црвените“ и потпиша за екипата на Париз Сен Жермен.

Меѓутоа за фудбалерот на Лацио се интересираат и голем број на други клубови, како Интер, Јувентус и Реал Мадрид, со што Ливерпул ќе наиде на голема конкуренција доколку се одлучи да тргне по негово доведување на “Енфилд“.

Постоечкиот договор на српскиот репрезентативец со Лацио истекува во 2024 година и клубот за евентуална продажба за него ќе бара околу 60 милиони фунти.


Нејмар ќе го скокне дуелот на ПСЖ против РБ Лајпциг

ПСЖ нема да може да го користи Нејмар на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг во вторник.

Напаѓачот се жали на болки во препоните, кои ги заработи за време на квалификациите на Бразил за Светското првенство. Бразилецот исто така, го пропушти натпреварот со Анже во петокот од редовното коло на Лига 1.

„Во наредните денови, Нејмар ќе продолжи да се лекува, по што ќе може да продолжи со целосните тренинзи“, изјавија од ПСЖ и покрај фактот што денес се приклучи на тимот.

„Здравјето на нашите играчи е пред се. Ова е мал проблем и се надевам дека ќе закрепне за неколку дена”, изјави тренерот Маурисио Почетино.


Кунде се нуди на Јунајтед, можен трансфер уште во јануари

Жил Кунде се надева што поскоро да направи трансфер во некој европски гигант. Французинот беше на чекор од трансфер во Челзи ова лето, но зделката пропадна во последен момент. Сега самиот фудбалер преку својот агент му се понудил на Манчестер Јунајтед.

Интерес за Кунде има и од Реал Мадрид, но самиот фудбалер преферира преселба на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајед ова лето го доведе Рафаел Варан, но има проблеми во одбраната. Сепак, тешко е да се поверува дека ќе го донесе Кунде бидејќи Севиља за неговата слобода бара 80 милиони фунти.


Де Брујне: Левандовски е најдобар фудбалер на светот

Кевин Де Брујн смета дека Роберт Левандовски во овој момент е најдобриот фудбалер во светот.

„Би морало да се земе во предвид двегодишниот период, така би го избрал Левандовски. Заслужи со постигнатите голови и поради се што освои со Баерн“.

На прес-конференцијата пред натпреварот со Клуб Бриж, Де Брујн беше запрашан да даде коментар на изјавата на Рахим Стерлинг за неговото потенцијално заминување.

„Ротацијата е важна, но разбирам дека има и фрустрација. Некогаш е тешко да играш една, па да пропуштиш друг натпреварот. Сепак, на крајот менаџерот е тој кој ги носи одлуките. Ние сме група од 22-23 играчи и сите си даваме поддршка еден на друг“, изјави Де Брујн.

Ќе потсетиме, Манчестер Сити минатата година изгуби во финалето од Лигата на шампионите од Челзи со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Каи Хаверц.


Брус: Одиграв значајна улога и го задржав Њукасл во Премиер лигата

Тренерот на Њукасл, Стив Брус, дојде до илјадитиот меч во Премиер лигата, но, не успеа да се израдува на поволен резултат откако неговиот тим загуби од Тотенхем со 3-2. Искусниот фудбалски стартег кој најверојтано ќе добие отказ од новите сопственици од Саудиска Арабија,  вели дека е презадоволен  реакциите на трибините и надвор од стадионот.

„Ќе останам тука колку треба и ќе размислувам само на Њукасл се додека не ми го кажат спротивното. За таа тема не се поставува прашање само кај мене. Пресреќен сум за новото раководство и промената на подобро. Без оглед што ќе се случи во блиска иднина, мислам дека одиграв значајна улога со тоа што го задржав тимот во Премиер лигата“, изјави Брус.


Бензема: „Ел Класико“ уште е најголем натпревар во светот

Карим Бензема смета дека квалитетот на „Ел Класико“ не е намален.

Роналдо претходно го напушти Реал Мадрид, ова лето си замина и Серхио Рамос како и Меси од Барселона. Поради тоа многумина сметаат дека „Ел Класико“ оваа сезона ќе биде далеку послабо.

„За мене се остана исто. Ел Класико и понатаму е најдобриот натпревар на планетата. Не е важно кои играчи доаѓаат и си одат. Имињата се менуваат, претходно тука беа Зидан, Роналдињо, Ето, Роналдо…“.

Бензема ја коментираше и кризата во која се наоѓа Барселона.

„Во такви натпревари не се гледа формата, тоа се посебни натпревари во кои се е можно“, истакна Французинот.


Елмас пофален од Спалети за своето залагање

Наполи на нашиот Елмас, повторно покажа солидна игра за уште една победа, овојпат против Торино кој беше совладан со 1:0.

Победоносниот гол за наполитанците го постигна Виктор Осимен во 81 минута од натпреварот, по одличната асистенција на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Победата против Торино ја коментираше тренерот на Наполи, Спалети кој не пропушти да го пофали младиот Елмас.

“Им честитам на моите играчи за одличната партија против Торино. Осимен покажа колку е силен и работлив, Елмас е исклучително момче кое секогаш го дава својот максимум, поминува километри на теренот дури и кога не е потребно, што е одлична работа“, кажа Спалети.


Реал патува во Украина без Бејл и Азар

Еден Азар и Герет Бејл, ќе го пропуштат гостувањето на Реал Мадрид кај Шахтјор од Доњецк во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Двајцата играчи на „Кралскиот клуб“ се повредени и не се во списокот  на Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег исто така нема да може да смета на услугите на Дани Карвахал, Иско и Лука Јовиќ.

Натпреварот во Украина ќе се одигра во вторник во 21.00 часот. За изненадување, лидер во групата „Д“ е дебитантот Шериф Тираспол со освоени 6 бода. Реал Мадрид има 3, додека екипите на Шахтјор и Интер освоија по 1 бод. 


ПСЖ без Нејмар против РБ Лајпциг

Од таборот на Париз Сен Жермен потврдија дека поради повреда, Нејмар ќе го пропушти дуелот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите кој се игра во вторник вечер.

Бразилецот се врати од обврските со репрезентацијата на Бразил со здобиена повреда и нема да биде подготвен да учествува на натпреварот во Париз.

Во ПСЖ ќе отсуствуваат  и Леандро Паредес кој има повреда на бутниот мускул, додека Серхио Рамос продолжува да се опоравува од повреда и исто така не се очекува да биде спремен за натпреварот.

https://twitter.com/PSG_inside/status/1450081468575846401?s=20