фудбал

Шкупи атакува на титула, го промовираше новиот шеф на стручен штаб

Турскиот фудбалски стратег, Хасан Озер и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Шкупи.
Македонскиот прволигаш ја потврди соработката со фудбалскиот работник кој има искуство во повеќе клубови од Турција како Газијантеп, Бурса, Ризе, Кајзери, а работеше и во Челик од Зеница во шампионатот на Босна и Херцеговина.
„Среќен сум што управата на клубот ми ја даде довербата да го предводам овој тим. Задоволен сум од тоа што го гледам за време на подготовките во Аланија. Доаѓам во Скопје со амбиција да ја освојам титулата. Знам дека Шкендија е најсилниот противник, но во фудбалот не постојат невозможни работи. Нашата втора амбиција е пласман во Европа.“ – изјави сега новиот тренер на Шкупи, Хасан Озер.


Фердинанд: Овој пораз добро ќе го приземји Јунајтед

Рио Фердинанд, го критикуваше тимот по поразот на домашен терен од Шефилд Јунајтед во мечот од 20. коло во англиската Премиер лига. „Уште од првата минута, Манчестер Јунајтед играше без сила и енергија на која сме навикнати. Мора да му оддадеме почит на Шефилд, Вајлдер добро го подготви тимот, но Јунајтед не им создаде проблеми. Бруно Фернандеш, на кој толку сметаа последните месеци, не играше. Исто е и со Пол Погба. Ако некој на Олд Трафорд почна да се носи во облаците поради место на табелата, тогаш овој натпревар беше тест за враќање со реалноста. Во последно време, Манчестер Јунајтед одлично одговори на предизвикот, но денес падна на тој испит. Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал беа невидливи. Ништо не завршија, не создадоа ништо. Минатата недела имаше натпревар со Ливерпул – одличен настап. Сега играта со Шефилд кој е од долниот дел на табелата беше мрачна, на моменти безживотна. Не можете да станете шампион со таква нестабилност. Зборувавме за ова веќе многу месеци“, вели Фердинанд.


Интер постигна нов договор со Лаутаро Мартинез

Лаутаро Мартинез е еден од најважните играчи на Интер и оваа сезона, па јасно е зошто Барселона толку многу се обидуваше да го доведе. Во Интер добро знаат дека мораат да ги подобрат условите од договорот на Лаутаро ако сакаат да го задржат на подолг период. Според информациите на италијанските медиуми пред Лаутаро има понуда за нов договор. Сегашниот на Лаутаро му истекува во 2023 година, а Интер му нуди нов со повисока плата и со важност на дополнителна една година. Се шпекулира дека е постигнат договор за плата од 7 милиони евра по сезона.


Футсалците загубија од БиХ во евро-квалификациите

Македонската футсал репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. Нашите претставници денеска загубија со 2-1 на гостувањето во БиХ. Головите за домаќинот ги постигна Јосип Бошковиќ додека голот за Македонија беше дело на Драган Петровиќ. Во вториот натпревар од групата Романија и Србија одиграа 2-2. Во второто коло нашата футсал репрезентацијата ќе и биде домаќин на Романија. Мечот ќе биде одигран на трети февруари.


Два леви бека на листата желби на Барса

Барселона ја разгледува можноста за купување на фудбалерот на Валенсија, Хозе Гаја, но и играчот на Челзи, Маркос Алонсо. Каталонците бараат нобви имиња за тимот откако стана јасно дека Жиниор Фирпо не може да биде замена за Жорди Алба во иднина. Актуелниот договор на Гаја со Валенсија истекува во 2023 година. Валенсија има сериозни финансиски потешкотии и е подготвена да го продаде 25-годишниот играч за околу 30 милиони евра. Исто така, Барселона го следи и 30-годишниот Маркос Алонсо, чиј договор со Челзи истекува во 2023 година.


Реал Мадрид си подаде рака со Модриќ, Хрватот уште една година меѓу „кралевите“

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Новинарот Фабрицио Романо ја потврди веста на својот Твитер профил. Според него, страните веќе се договориле за сите точки од новата соработка. Во блиска иднина се очекува договорот да биде потпишан и официјално објавен. Актуелниот договор на 35-годишниот Модриќ истекува ова лето, а претходно беше објавено дека договорот ќе му биде продолжен до 30 јуни 2022 година. „Постојат играчи како Модриќ кои го прават овој спорт подобар. Луксуз за нас е да имаме таков играч во нашиот состав. Тој ни даде многу, тој сè уште ни дава многу и ќе продолжи да го прави тоа за нас“, изјави претходно директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.


Елмас со првенец во новата година! (видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го запиша својот прв погодок во дресот на Наполи во новата 2021 година за водство на Наполи од 4-0 против Специја во купот на Италија.
За Елиф ова беше својот трет погодок во дресот на Наполи.
Погодокот го постигна во 40. минута по убава асистенција од Инсиње.


Фенер не застанува! По Озил, доаѓа и ѕвездата на Порто!

Целата сага околу трансферот на Месут Озил во Фенербахче е завршена. Турскиот клуб и официјално го претстави своето ново засилување, а Месут и соиграчите пред себе имаат неизвесна сезона. Фенербахче е втор на табелата со 42 освоени бода, само два помалку од водечкиот ривал Бешикташ. Според информациите, Фенербахче не заврши со јануарскиот шопинг, а голема желба на клубот останува Муса Марега. Напаѓачот на Порто има уште шест месеци од договорот со португалскиот клуб, кој сака да го задржи во своите редови. Турските медиуми пишуваат дека агентот на напаѓачот веќе стапил во контакт со Фенербахче, а Порто во случај на разделба е заинтересиран за финансиска надокнада. 29-годишниот Марега е важна алка за тимот од „Драгао“, оваа сезона одигра 24 натпревари и постигна девет погодоци, забележувајќи и четири асистенции. Марега го носи дресот на Порто од 2016. година.


Европските клубови поради КОВИД-19 ќе загубат 8,5 милијарди евра

Претседателот на Јувентус, Аднреа Ањели повика на соработка помеѓу клубовите и здружување во битката со финансиските загуби предизвикани пандемијата на КОВИД-19. Ањели предупредува дека многу работи може тотално да се променат во иднина, доколку општеството не соработува со властите и во случајот со фудбалските клубови и федерации. „Моментот во кој живееме не е негативен само за фудбалската индустрија, тука за се во општеството. Им благодариме на медицинските работници и веруваме дека се ќе биде надминато. Воедно, јасно ни е како целата ситуација влијае по фудбалот и загубите кои ги трпиме секојдневно. Не сме во позиција да бидеме себични, сега треба да размислуваме за позитивни решенија и здружување. Верувам дека фудбалот во Европа во оваа сезона ќе претрпи загуба од 6,5 милијарди евра, и заедно со минатата сезона од 2 милијарди загуба се станува опасно. “ – вели Ањели. Тој повика на разумност и на промена на договорите со ТВ куќите кои ги пренесуваат првенствата, финансиска помош за најпогодените од кризата и разумно трошење на парите на трансфер пазарот, како и промени во фудбалот за да се зголеми интересот кај гледачите.


Позната судбината на Гатузо во Наполи

Младиот италијански стратег Џенаро Гатузо, функцијата тренер на Наполи ќе ја извршува и во иднина, откако претседателот на клубот Де Лаурентис му искажа целосна поддршка. Клупата на поранешниот фудбалер и тренер на Милан беше сериозно „раздрмана“ минатата недела, откако беа поразени од Јувентус во Суперкупот, а и Верона успеа да ги совлада во домашното првенство. Приказната за заминување на Гатузо ја подгреа и заминувањето на Рафа Бенитез од Кина, кој беше тренер и на Наполи во минатото, но таа тензија траеше неколку денови. Првиот човек на клубот порача дека Гатузо ја има неговата целосна доверба, па младиот стручњак останува да го подготвува тимот за четвртфиналето во Купот на Италија и дуелот со Специја. Наполи по 19 одиграни кола во Серија А е на шестото место на табелата, девет бодови помалку од водечкиот Милан, но она што ги загрижува навивачите е што Наполи има најмногу порази од првите девет клубови на табелата.