фудбал

БиХ и Македонија ќе играат пријателски меч на 29 мај во Сараево

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува пријателски натпревар против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево, на стадионот „Кошево“, каде што се најавува присуство од околу 30.000 гледачи.

Според најавите од БиХ, трибините ќе бидат исполнети до последно место, а атмосферата се очекува да биде вистински спектакл. Тамошната јавност веќе упатува повици за масовна поддршка, со цел дополнителен мотив за репрезентацијата пред настапот на Светското првенство.

Македонија ќе потсетиме во баражот за Светското првенство беше поразена од Данска во Копенхаген, а потоа во вториот дуел без резултатско значење ремизиравме со Италија.

БиХ од друга страна преку Италија на свој терен во Зеница дојдоа до победа која им обезбеди место на турнирот, претходно исто така на пенали беа подобри и од Велс.


Конгоанците им се закануваат на Португалија и Роналдо

Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго испиша историја со пласманот на Светското првенство, првпат по пауза од 52 години.

Големиот успех беше прославен низ целата земја, а во центарот на вниманието се најде и министерот за спорт Дидие Будимбу, кој испрати храбра порака пред настапот на Мундијалот.

На собирот на Плоштадот пред Народната палата, каде илјадници навивачи го славеа пласманот, министерот истакна дека патот до Светското првенство бил исклучително тежок.

„Квалификациите не беа воопшто лесни, се боревме жестоко за да стигнеме до тука“, изјави Будимбу.

Тој нагласи дека целата нација мора да застане зад репрезентацијата и дека не смее да се задоволат само со учество на турнирот, туку да имаат и повисоки амбиции.

Во свој стил, Будимбу испрати и самоуверена најава пред првиот натпревар на Мундијалот.

„Во нашиот прв меч на Светското првенство 2026, Кристијано Роналдо ќе плаче“, порача министерот.


Алегри: Со поразот во Неапол за нас заврши трката за титулата

Наполи го победи Милан со 1-0 во дерби колото од италијанската Серија А и со тоа го прескокна на второто место на табелата.

Матео Политано го постигна одлучувачкиот гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во 79-та минута.

Екипата на Антонио Конте сега е седум бода зад лидерот Интер, додека Милан на Макс Алегри е девет бода зад градскиот ривал.

Тренерот на Милан по натпреварот коментираше дека неговиот тим е елиминиран од борбата за шампионската титула, смета дека Интер има недостижна предност на табелата.

„Трката за шампионската титула за нас заврши. Интер е девет бода пред нас, а сега и Наполи направи разликата. Мора да се фокусираме на себе, да одиме натпревар по натпревар. Засега сме на пат да ја постигнеме нашата цел, а тоа е да влеземе во Лигата на шампионите. Но, тоа нема да се реши оваа недела или следната недела. Затоа мора да победуваме и да ја задржиме нашата позиција“, рече тој. Алегра.


Конте одговори позитивно на шпекулациите за враќање на местото селектор

Менаџерот на Наполи, Антонио Конте, би бил заинтересиран за враќање на клупата кај селекцијата на Италија. Конте е еден од кандидатите на потесниот список на Италија, заедно со Макс Алегри и Роберто Манчини.

„Газета дело Спорт“ објави дека трансферот на менаџерот на Милан и поранешниот тренер на Манчестер Сити веројатно ќе се покаже како тежок. Кога станува збор за Манчини, постои верување дека тој не тренирал на највисоко ниво веќе многу години.

Што се однесува до Алегри, тој се чини дека е заинтересиран да остане кај „росонерите“ и тоа го стави јасно до знаење вчера. Конте, во меѓувреме, е доста заинтересиран да се приклучи на италијанската репрезентација. Тој ја следи ситуацијата доста внимателно и последните неколку недели од сезоната веројатно ќе бидат важни за неговата иднина.


Наполи потврди дека Лукаку ќе биде казнет

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, се обиде да објасни што се случува со Ромелу Лукаку, кој поради повреда одлучи да остане во Белгија без одобрение на клубот.

„Никој немаше да го спречи да работи со своите лекари. Само сакавме да разговараме за тоа во Неапол. Интегритетот, почитта и вредностите на тимот се над сè друго. Мислам и се надевам дека ќе се врати за една недела. Тој знае дека ќе има последици“, беа зборовите на Мана.


Една желба, еден клуб: Кансело подготвен на жртва за да остане на Камп Ноу

Жоао Кансело се смее

Ходниците на Камп Ноу деновиве се исполнети со една клучна тема: како да се спречи враќањето на Жоао Кансело во Ријад по завршувањето на сезоната. Раководството на Барселона официјално ја започна првата фаза од преговорите за негов траен откуп, отворајќи директен дијалог со влијателниот агент Хорхе Мендеш. Пораката од таборот на играчот е недвосмислена: Кансело својот дом го гледа во Каталонија и нема намера да го соблече „блауграна“ дресот.

Најсилниот адут на Барселона во овие преговори е токму непоколебливиот став на самиот играч. Откако се врати во тимот во јануари 2026 година за да ја засили одбраната на Ханси Флик, 31-годишниот Португалец стана незаменлив дел од тактичката сложувалка. Извори блиски до клубот потврдуваат дека Кансело му наложил на Мендеш да му даде апсолутен приоритет на договорот со Барса, дури и по цена на значително намалување на платата за да се испочитуваат строгите финансиски правила на Ла Лига.

Вистинскиот предизвик допрва доаѓа: самитот со челниците на Ал Хилал. Иако Кансело моментно е на шестмесечна позајмица, неговиот договор со саудискиот гигант е со важност до 2027 година. Се шпекулира дека Ал Хилал бара обесштетување од околу 15 милиони евра, сума која Барселона се обидува дополнително да ја намали. До крајот на јуни се очекуваат интензивни преговори во кои каталонците ќе бараат креативни решенија: од можен споразумен раскин на договорот, па сè до вклучување на некои од младите таленти во трансферот, со цел да се задоволат апетитите на шампионот од Про-лигата.


Најдобриот стрелец најави заминување од Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, е сè поблиску до заминување од клубот, иако има договор кој важи до летото 2028 година.

Гираси и оваа сезона прикажува солидни настапи со учинок од 18 постигнати голови и шест асистенции, а според најавите, очекува наскоро да пристигне понуда што ќе ги задоволи апетитите и на него и на клубот.

Она што дополнително ја загрева ситуацијата е откупната клаузула во неговиот договор. Имено, секој заинтересиран клуб кој ќе плати 35 милиони евра ќе може да го ангажира напаѓачот на „милионерите“.

Со оглед на формата и бројките кои ги бележи, многумина сметаат дека оваа сума е релативно ниска за играч од ваков калибар, па интересот за неговите услуги би можел да биде сериозен во текот на летниот преоден рок.


Јуве брзо ја реши Џенова, Вчаховиќ се врати и пак се повреди

Фудбалерите на Јувентус, во Торино ја победија Џенова со 2:0. Прашањето околу победата го решија во првите 17 минути од натпреварот.

По само четири минути игра, Јувентус поведе преку Бразилецот Бремер, на кого му асистираше Кели.

Предноста на тимот од Торино беше удвоена по 17-та минута од натпреварот, кога Вестон МекКени постигна гол по додавање од Консеисао.

Лоша вест за Јувентус е повредата на Душан Влаховиќ и голманот Матија Перин. Србинот се повреди за време на загревањето.

Перин, остана во соблекувалната по првото полувреме, Белсна во вториот дел Ди Грегорио, тој се истакна во 75-та минута, кога го одбрани пеналот на Мартин, а во продолжението на истата акција, аправи уште една одлична интервенција,.

По оваа победа, Јувентус остана еден бод помалку од Комо, која е на четвртото место.

Во следната рунда, Јувентус ќе игра против Аталанта.


Политано е херојот, Наполи го доби дербито со Милан

Дерби натпреварот меѓу Наполи и Милан, одигран во рамките на 31-то коло во Серија, завши со минимална победа на Наполитанците. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во дербито играше од 85-та минута.

Актуелниот шампион, по оваа победа се врати на второто место, седум бода зад првопласираниот Интер, додека Милан сега падна на третото место, со дури девет бода помалку од Интер и два од Наполи.

Дербиот не ги оправда очекувањата, двата тима играа резервирано, како да беа повеќе заинтересирани да не примат гол отколку да победат.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте во 76-та минута направи она што се покажа како вистински потег, кога на теренот го испрати Матео Политано.

Само три минути подоцна, крилниот напаѓач одлично се снајде во шеснаесетникот на Милан и го постигна голот за победа.


„Сината“ синергија: Барко пред потпис како прво летно засилување за Челси

Валентин Барко

Мулти-клуб моделот под сопственост на „БлуКо“ е на пат да го донесе својот најзначаен резултат досега. Челси е на чекор до финализирање на договорот за аргентинската сензација од Стразбур, Валентин Барко. Овој потег ја нагласува беспрекорната соработка меѓу лондонскиот гигант и францускиот партнерски клуб, откако 21-годишниот играча наводно веќе дал „зелено светло“ за трансферот. Со договорени лични услови, реализацијата сега зависи единствено од конечната потврда на Челси за активирање на документацијата.

Левоногиот маестро, познат под прекарот „Коло“, доживеа вистинска тактичка метаморфоза по неговата преселба во Алзас во 2025 година. Првично препознатлив како офанзивен лев бек во Бока Жуниорс и Брајтон, Барко процвета во централниот дел од теренот во Лига 1. Неговата разноврсност, во комбинација со техничката елеганција, го позиционираше како приоритет за „Сините“, кои бараат свежа крв во средниот ред пред почетокот на кампањата 2026/27.

За разлика од традиционалните трансфери кои често вклучуваат исцрпувачки преговори, патот на Барко е кристално јасен. Со оглед на тоа што и Челси и Стразбур оперираат под истата капа на „БлуКо“, преговорите меѓу клубовите се всушност интерна процедура.

Пристигнувањето на Барко би значело прво официјално засилување за претстојниот летен преоден рок. Извори блиски до клубот сугерираат дека управата на Челси на ова гледа како на стратешки потег со кој ќе го спречат интересот на европските тешкаши како Реал Мадрид и Баерн Минхен. Желбата на играчот е недвосмислена: тој веќе му кажа „ДА“ на проектот во Лондон.

Покрај клупските случувања, реномето на Барко рапидно расте и на меѓународната сцена. Тој е веќе стандарден дел од сениорскиот тим на Аргентина, каде неодамна ја потврди својата класа со асистенција во победата од 5–0 против Замбија. Извештаите од Буенос Аирес укажуваат на тоа дека стручниот штаб на „Гаучосите“ сериозно планира да му додели клучна улога во составот за Светското првенство..