фудбал

Алварез блеска, но дали ќе остане во Атлетико? Барселона демне

Диего Симеоне, јасно стави до знаење дека сака Хулијан Алварез да остане клучен дел од неговиот тим и во иднина, и покрај зголемените шпекулации за можна преселба во Барселона. 

По спектакуларниот хет-трик на Алварез против Рајо Валекано, Симеоне го пофали како најдобриот играч на натпреварот и ја потенцираше неговата важност за долгорочните планови на клубот. 

Интересот од Барса не е нов, неговата форма само дополнително го разгорува трансфер-вртлогот. Се шпекулира дека Барса го гледа како долгорочен наследник на Роберт Левандовски, доколку не успее да го доведе Халанд, а и претседателот на клубот Хоан Лапорта наводно е голем обожавател. Агентот на Алварез ја нема исклучено шансата за трансфер. 

Но, Атлетико е решен да го задржи својот напаѓач. Клубот го гледа како централна фигура во своите амбиции и верува дека најдоброто од него допрва следува. Иако и други клубови внимателно ја следат ситуацијата, Симеоне и Атлетико најјасно го демонстрираат својот интерес да ја градат иднината околу аргентинскиот напаѓач. 


Леони сериозно се повреди, Слот го пријави Киеза во ЛШ

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ќе мора да направи промена на списокот на фудбалери за Лигата на шампионите и таму ќе се најде Федерико Киеза.

Младиот Италијан Џовани Леони ја заврши годината поради повреда, па неговото место на листата ќе му припадне на Киеза. Со тоа, искусниот офанзивец ќе добие право да настапи за „црвените“ во најсилното европско клупско натпреварување.

Ливерпул во Лигата на шампионите започна со триумф на „Енфилд“ против Атлетико Мадрид, а во второто коло тимот на Слот ќе гостува во Истанбул кај Галатасарај.


Прв гол на Мартин Ѓорѓиевски во Брно

Македонскиот интернационалец Мартин Ѓоргиевски денеска во победата на Збројовка Брно над Теплице со 2-1 во рамките на Купот на Чешка го постигна својот првенец во новиот клуб.

Уште во 13. минута Ѓоргиевски ја искористи додавањето што го доби и со прецизен и силен удар ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0.

Домашните потоа ја зголемија предноста преку Мартин Римаренко, а во самиот финиш Бенјамин Ниарко успеа да намали на 2-1.


Касемиро бесплатно заминува од Јунајтед

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“.

Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим.

Бразилецот беше исклучен во победата на Јунајтед од 2:1 над Челзи во саботата поради втор жолт картон, откако претходно го постигна вториот гол за својот тим.

Се шпекулира дека клубовите од Саудиската професионална лига се заинтересирани за искусниот играч од средниот ред веќе долго време и нема да имаат проблем да ја покријат неговата неделна плата од 400 илјади евра.

Според Браун, Манчестер јунајтед би можел да се обиде да го продаде Касемиро пред да му истече договорот во јуни 2026 година, но ако не успеат да го сторат тоа, веројатно ќе го пуштат да си замине без надомест.

„Дојде време Касемиро да си замине. Доколку Манчестер јунајтед добие понуда за него што им одговара, би можеле да одлучат да го продадат, но во спротивно, слушнав дека веројатно ќе му биде дозволено да си замине како слободен играч. На негови години, со парите што ги заработува, нема да има смисла да го задржи. За него имаше интерес од Саудиската професионална лига и мислам дека тоа е веројатно потег што ќе му одговара во оваа фаза“, рече Браун.


Фаворитите се избегнаа во осминафиналето на Лига Купот

По одигрувањето на последните четири натпревари кои беа на програмата синоќа, беше реализирана и ждребката за 1/8 финалето на англискиот Лига Куп.

Ждрепката сакаше дел од главните фаворити да се избегнат, но сепак ќе има четир дуели меѓу екипи од Премиер лигата. Најголемо внимание треба да го привлече дуелот меѓу Њукасл и Тотенхем.

Осминафинале:
Арсенал – Брајтон
Гримсби – Брентфорд
Свонси – Манчестер Сити
Њукасл – Тотенхем
Рексам – Кардиф
Ливерпул – Кристал Палас
Вулверхемптон – Челзи
Викомb – Фулам

Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат на 26 и 27 октомври.


Киеза вклучен во составот за Лигата на Шампионите по повредата на Леони

Федерико Киеза е додаден во составот на Ливерпул за Лигата на Шампионите, откако неговиот соиграч Леони доживеа сериозна повреда на коленото. Овој неочекуван пресврт му отвори врата на италијанскиот напаѓач, кој првично не беше на списокот. 

Тренерот Арне Слот ја донесе одлуката поради одличната форма на Киеза на почетокот од сезоната. Неговата енергија, динамичност и чувство за гол оставија силен впечаток кај стручниот штаб. 

Иако не беше дел од првичниот состав, Киеза реагираше со зрелост и целосна посветеност. Покажа дисциплина и квалитет на тренинзите и неодамнешните натпревари, особено против Саутемптон во ЕФЛ Купот, што му обезбеди нова шанса да се покаже на најголемата европска сцена. 

Оваа промена во составот ја покажува флексибилноста на Ливерпул. Киеза ќе додаде свежина и длабочина во нападот, особено во пресрет на тешките натпревари што следат. 


Шоу на Алварез, Атлетико го доби градското дерби со Рајо

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Рајо Ваљекано 3-2 во шестото коло од Ла Лига.

Апсолутен херој на Атлетико беше Хулијан Алварез, кој го постигна првиот хет-трик во дреост на „органџиите“. Голот за победа во 88-та минта беше спектакуларен, со што го поништи торпедото на Пеп Чаварија во финишот на првото полувреме.

Атлетико надмоќно влезе во натпреварот со градскиот ривал, Алварез го отвори резултатото во 15-та минута. Аргентинецот потоа промаши зицер за 2-0, а казната стигна во 44-та минута.

Левиот бек на Рајо, Пеп Чаварија, постигна еден од најубавите голови оваа есен не само во Шпанија туку во светот. Од 30 метри испрати торпедо кон голотнна Облак, топката заврши во горниот десен агол.

И во вториот дел, Атлетико играше подобро, се обидуваа играчите на Чоло Симеоне да ја вратат предноста, а откако Нико Гонзалес и Џулијано Симеоне (два пати) промашија чисит зицери, казната дојде преку капитенот на Рајо, Гарсија, кој во 78-та минута избегна офсјад и го совлада Облак.

Две минути подцона Алварез го врати резултатото во егал, а истиот играч во 88-та минута постигна евро-гол со удар од 25 метри. До крајот, Рајо не напраби ништо во нападот, а Атлетико промаши уште една чиста шанса, повторно трагичар беше Симеоне.

Атлетико ја забележа втората сезонска победа, го освои деветтиот бод и во добро расположение го чека градското дерби со Реал во сабота.


Фаворитите лесно во осминафиналето на Лига Купот на Англија

Вечерва се одиграа последните натпревари од третото коло на Лига купот. Според очекувањата Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Њукасл се пласираа во следната рунда.

Манчестер сити гостуваше кај Хадерсфилд и победи со 2:0. Сити водеше со 1:0 по 18 минути. Фил Фоден им донесе водство на „Граѓаните“, а тоа беше резултатот од првото полувреме.

Во 74-та минута, Фоден се најде во улога на асистент, а Савињо го постави конечниот резултат.

Њукасл го победи Бредфорд со 4:1 (2:0). „Страчките“ во првите 20 минути ги решија дилемите околу конечниот победник,.

Во 17-та минута, Жоелинтон го отвори резултатот, а само две минути подоцна, гол постигна и Осула.

Во 75-та минута, Њукасл постигна трет гол, Жоелинтон повторно беше стрелец. Четри минути подоцна Кук го намали резултатот. Конечните 4:1 ги постави Осула три минути пред крајот.

Тотенхем немаше проблеми со Донкастер. Тимот на Томас Франк победи со 3:0, а головите ги постигнаа Палиња, Мекграт (авто гол) и Џонсон.

Арсенал гостуваше во Порт Вејл и победи 0:2 (0:1). Арсенал поведе во осмата минута. Одличен гол постигна Езе, аТросар го затвори овој дуел во 86-та минута.


Детонит ја елиминира Беласица, Охрид го исфрли Шкупи од Купот

Екипите од Втората фудбалска лига Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале од Купот на Македонија. ГФК Охрид пред своите навивачи успеа да го совлада прволигашот Шкупи со 3-0 .

Воедно охриѓани ја искористија слабата форма на прволигашот, кој нема освоено бод во лигата.

Во Струмица гостите Детонит Плачковица ја совладаа екипата на Беласица со 1-0 за пласман меѓу најдобрите осум екипи во куп натпреварувањето.

Во другите двојки ќе играат: Македонија ЃП – Струга ТЛ, Вардар – Новаци, Башкими – Силекс, Шкендија Тетово – Тиквеш, Работнички – Брегалница Штип и Шкендија Арачиново – Пелистер. Натпреварите треба да се играат на 29.октомври.


Уапсени преку сто тифози на Рома во Ница

Повеќе од сто навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа.

Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки.

Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“.

„Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се вели во соопштението.