Манчестер Јунајтед можеби откри иден ас на клубот, 15-годишниот Џеј Џеј Габриел, кој веќе тренира со првиот тим. Младиот напаѓач покажува изненадувачки напредок во своето развојно патување, што го прави еден од највпечатливите млади таленти во клубот.
Се чини дека на само 15 години, Џеј Џеј има потенцијал да стане следната голема ѕвезда на Манчестер Јунајтед. Со неверојатни 7 голови на 6 натпревари во Премиер Лигата за играчи под 18 години, ова младо чудо го привлекува вниманието на фудбалските љубители ширум светот.
Манчестер Јунајтед успеа да го задржи Џеј Џеј Габриел и покрај бројни понуди од други големи клубови. Во јуни, клубот потпиша нов двегодишен договор со младото чудо, обезбедувајќи му стабилност и фокус на развојот.
Со искуство од тренинзи со првиот тим, Габриел не само што е веќе во фокусот на Манчестер Јунајтед, туку и на фудбалскиот свет. Ако неговиот развој продолжи со истото темпо, тој ќе биде една од главните фигури на клубот за неколку години.
Шефилд Венсдеј пред финаниски колапс, дедуцирани 12 поени во Чемпионшипот
Шефилд Венсдеј официјално поднесе апликација за администрација, што веднаш активираше автоматска казна од 12 поени од страна на ЕФЛ. Тоа значи дека клубот, кој веќе беше на дното на Чемпионшипот, сега се наоѓа со минус шест поени, со очигледна загуба на шанси за опстанок.
Финансиските проблеми на клубот се години во најава. Одделни извештаи покажуваат дека клубот имаше доцнење со исплата на плати во пет од последните шест месеци, а долгот кон сопственикот достигнува околу 115 милиони фунти. Во исто време, се споменува и виндирање од „HM Revenue & Customs“ поради неплатени даноци од милиони фунти.
Времето на сопственикот Дејфон Чансири, кој го управуваше клубот речиси една деценија, практично заврши. Тој беше под жестока критика поради влошената финансиска состојба на клубот, и сега голем дел од навивачите бараат промена на власт и спас за клубот. Клубот веќе беше казнуван од ЕФЛ за неколкупати прекршување на финансиските правила.
Навивачите, познати по својата лојалност и традиција, изразија незадоволство на повеќе начини, од бојкотирање натпревари до протести на и надвор од стадионот. Сега го гледаат нивниот клуб во најтешка фаза, со огромна неизвесност што следи.
И покрај сите тековни проблеми, не може да се заборави дека Шефилд Венсдеј е еден од најисториските клубови во англискиот фудбал. Клубот има 4 титули во англиското првенство, 3 трофеи во ФА Купот и 1 победа во Лига Купот.
Иако често се занемарува во разговорите за традиционалните „големи“ клубови, Венсдеј има оставено длабока трага во фудбалската историја. Од легендарните натпревари на Хилсбру до генерации кои го носеле дресот со гордост, клубот отсекогаш бил симбол на работничкиот дух на Шефилд и автентичната фудбалска култура на Северна Англија.
Со минус шест поени и финансискиот балон што е пред пукање, шансите за опстанок во Чемпионшипот се минимални. Иднината на клубот ќе зависи од брза продажба, стабилизирање на финансии и стратегија за реорганизација. За да не се повтори сценариото со други клубови кои не успеаја да излезат од ваков кризен амбиент.
Новости за повредите на Фримпонг и Исак
Ливерпул се соочува со значителни предизвици пред своите следни натпревари, откако неколку клучни играчи се повредени. Џереми Фримпонг го повреди лигаментот на мускулот на доминантната победа против Франкфурт од 5:1 во Лигата на Шампионите, а Слот потврди дека ќе биде надвор од теренот неколку недели, што го отежнува составувањето на тимот, особено на позицијата десен бек.
Од друга страна, Александер Исак покажува охрабрувачки напредок во закрепнувањето од повредата на препоните, добиена на истиот натпревар. Иако неговото учество за викендот останува неизвесно, неговата состојба се подобрува, што може да овозможи брзо враќање на теренот. Слична е ситуацијата и со Рајан Гравенберх, чија достапност за следните натпревари е под знак прашалник, но напредокот е видлив.
Дополнително, Алисон Бекер се очекува да се врати на средината на ноември, оставајќи значителна празнина на голот во пресрет на густиот распоред.
Со оглед на овие отсуства, Ливерпул ќе мора да се потпре на ротации во составот и внимателно враќање на повредените играчи. Тимот ќе мора да ја прилагоди тактиката додека се справува со натрупаните предизвици.
Ламин Јамал со самодоверба пред Ел Класико: „Нема страв од Бернабеу“
Само два дена пред долгоочекуваното Ел Класико, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, демонстрира неверојатна самодоверба. И покрај своите години, тој тврди дека нема ни трошка страв од настап на легендарниот Сантијаго Бернабеу. Јамал потсети дека Барселона има богата историја на успеси на овој терен и дека е уверен дека тимот може повторно да остави силен впечаток.
Во пресрет на мечот, тензиите меѓу двата гиганта растат. Јамал со неколку изјави суптилно го поттикна ривалството, критикувајќи го начинот на игра на Реал Мадрид и алудирајќи на „контроверзни тактики“. Овие зборови одекнаа во медиумите и меѓу навивачите, додавајќи уште повеќе оган во веќе вжештената атмосфера.
Многумина веруваат дека оваа реторика не е случајна, дека Јамал свесно се обидува да влијае на психолошката подготвеност на противникот. Потсетувањето на славните победи на Барселона во Мадрид е порака: „Бернабеу не е непобедлив.“
Додека часовите одбројуваат до почетниот свиреж, возбудата е на врвот. И двата тима се подготвуваат со максимален интензитет, знаејќи дека овој меч носи повеќе од три бода: носи престиж, историја и гордост. Очекувањата се огромни, а сцената е поставена за уште едно незаборавно Ел Класико.
Рашфорд сака да остане во Барса
Маркус Рашфорд ја здружи својата судбина со Барселона по летниот трансфер на позајмица од Манчестер Јунајтед. Тој истакнува дека за него овој трансфер значи повеќе од нов клуб, станува збор за голема културна и професионална промена.
Во изјава за медиумите, Рашфорд рече дека се чувствува „како дома“ во Барселона и дека неговата одлука била инспирирана од разговорите со Ханси Флик, како и од амбициите и филозофијата на клубот.
Во позадина, раководството на Барселона ја разгледува можноста за продолжување на соработката. Иако сегашниот договор е едногодишна позајмица со опција за продолжување, клубот би бил подготвен да ја активира таа опција доколку Рашфорд ја задржи формата.
Рашфорд го гледа ова како нов почеток. Во последните години во Манчестер Јунајтед имаше нестабилност и промени на менаџментот кои влијаеа врз неговата ритмичност. Дојде во Барселона со желба да се реинвентира, и веќе покажува знаци на прилично брз успех.
Фановите на Барселона добро го примија неговиот ангажман. Тие му даваат поддршка, а атмосферата во клубот и градот ја оценуваат како позитивна околина која може да им помогне на сите. И на него лично, и на клубот во неговата фаза на реизградба.
Иако финансиските ограничувања на Барселона остануваат реалност, клубот работи на креативни решенија: како договори поврзани со учинок, комерцијални ефекти, и други модели кои би овозможиле продолжување на соработката со Рашфорд.
Арсенал ја осигура неговата млада ѕвезда со нов договор
15-годишниот млад талент Макс Дауман официјално стави потпис под стипендиски договор со Арсенал, со усмен договор за долгорочен професионален ангажман кој ќе стане официјален кога ќе наполни 17 години во декември 2026.
Дауман, сметан за еден од најдобрите таленти во академијата, одлучи да остане со Ганерите наместо да прифати потенцијално повеќе првотимски минути во други заинтересирани клубов, воден од семејната поддршка и длабоката приврзаност кон клубот.
Стипендискиот договор ќе го врзе до 2028 година, а очекувањето е професионалниот договор да го продолжи останувањето до 2029 година. Откако ќе наполне 16 години, клубот ќе може официјално да му понуди и условно да се договори за професионален ангажман, кој ќе стапи на сила по 17-тиот роденден.
Во меѓувреме, Дауман веќе остави забележлив впечаток, се најде во првиот тим 3 пати оваа сезона, меѓу кои и дебито во Премиер Лигата на 23 август во победата од 5–0 над Лидс, каде што доби пенал. Исто така, постигна два гола за У19 тимот против Атлетико Мадрид во УЕФА-Лигата на Младите, покажувајќи смиреност и голгетерски инстинкт на високо ниво. Тој е дел и од англиската У19 репрезентација, што допринесе кон неговиот растечки рејтинг.
Микел Артета имаше клучна улога во убедувањето на Дауман да го избере Арсенал, истакнувајќи ја долгорочната визија и развојната патека што клубот ја нуди.
Европските тимови внимателно го следеа Дауман, привлечени од неговата техничка способност и рано појавување во првиот тим. Но токму неговата одлука да остане ја истакнува растечката репутација на Арсенал како клуб кој ги негова младите таленти, по примерот на Букајо Сака и Итен Њованери.
Силни критики од Куртоа до Ла Лига
Тибо Куртоа испрати остро предупредување до раководството на Ла Лига, барајќи сериозни промени во начинот на кој се води шпанскиот фудбал. Голманот на Реал Мадрид оцени дека наместо да се фокусира на проширување на лигата во странство, како што беше случај со планираниот натпревар меѓу Виљареал и Барселона во Мајами, приоритет треба да биде решавањето на домашните проблеми.
Куртоа укажа дека сè повеќе клубови се соочуваат со хаос при регистрација на играчи, со доцнење кое ја загрозува спортската рамнотежа уште пред почетокот на сезоната. Некои од најголемите клубови, како Барселона, со години се борат со истата бирократска бариера, што, според него, го нарушува квалитетот и конкурентноста на лигата.
Иако Ла Лига се пофали со рекордни приходи и зголемена просечна посетеност, реалноста е нерамномерна. Додека Реал Мадрид и Барселона редовно ги полнат трибините, многу клубови играат пред полупразни стадиони, со пополнетост што често не надминува 65%. Атмосферата на натпреварите, предупредува Куртоа, не го одразува имиџот на лига што сака да се претставува како врв на светскиот фудбал.
Белгиецот отворено порача дека Ла Лига не треба да брза со „извоз“ на натпревари и профит од странски пазари сè додека не се решат домашните слабости. „Прво направете стадионите во Шпанија да бидат полни и натпреварите фер и интересни. Дури потоа зборувајте за настапи во Америка,“ нагласи Куртоа.
Неговите зборови повторно го отворија прашањето за иднината на Ла Лига и потребата од длабоки реформи што би ја вратиле довербата и страста на навивачите дома, пред да се мисли на глобална експанзија.
Младата екипа на Челси пишува историја во Лигата на Шампионите
Во комотната победа од 5:1 против Ајакс во Лигата на Шампионите, Челси стана првиот тим во историјата на турнирот со три тинејџери меѓу стрелците: Марк Гиу (19), Естевао (18) и Тајрик Џорџ (19) го прославија триумфот со голови, потврдувајќи дека Сините имаат светла иднина.
Во истата средба, 17-годишниот Реги Волш го одигра своето деби во Лигата на Шампионите и го постави рекордот како најмлад играч на Челси што настапил во ова натпреварување. Таквата доверба кон младата генерација ја потенцира стратегијата на клубот за градење на млада екипа која ќе биде конкурентна долгорочно.
Возбудливиот настап на тинејџерите го оддалечија вниманието од играчот на натпреварот, Џејми Бајно Гитенс (21), кој се чувствуваше „возрасно“ во споредба со првите имиња на младинскиот состав. Миксот на младост и искуство покажува дека Челзи гледа напред, не само кон следната сезона, туку и кон долгорочна стабилност врз база на сопствениот погон.
Беќири: Имавме среќа, но ја заслуживме!
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири признава дека Шкендија и со доза на среќа дојде до денешната победа од 1-0 над Шелбурн, тој се надева на подобри игри во идните натпревари од Конференциската лига.
Шкендија со автогол во судиското продолжение дојде до победа над Шелбурн, историски триумф кој ги донесе првите три бода во Конференциската лига.
„Секако декаа сме задоволни, ние со скромни амбиции почнавме во Европа, па сакам така и да продолжиме. Бодовите во Европа се многу важни, затоа што одат во корист и на целата лига. Сепак, треба да кажеме дека оваа Шкендија не е најдобрата и се надевам дека во наредните натпревари ќе одиграме подобро за да дојдеме и до нови бодови. Среќата ги следи храбрите, се согласувам дека денеска беше наша страна, но ние работиме секојдневно, па и ја заслуживме таа среќа. Тоа што ние победуваме и кога не сме на 100% од нашите можности покажува дека сме квалитетна екипа. Игравме против квалитетна екипа која ја победи и Риека, одиграа реми со Хакен, па така не треба да се мисли дека тука играме со слаби екипи, лесни бодови тука нема“, изјави предводникот н Шкендија.
Стратегот на Шкендија се пожали и на состојбата на теренот на арената.
„Навистина ми е жал што во овој момент состојбата на теренот беше лоша, па моравме да играме на таков терен“, додаде Беќири“
Алегри ги сака Икарди и Ким во јануари за да го нападне скудетото
Милан одлично ја отвори сезоната и моментално е лидер во Серија А, а во зимскиот преоден рок сака додатно да го засили тимот.
Приоритет е доведување на искусен дефанзивец, а најголема желба е дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Жае.Ким оваа сезона не добива голема минутажа и самиот е спремен да ја промени средината, а Баерн е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.
Покрај дефанзивецот Милан сака да го доведе и Мауро Икарди од Галатасарај како засилување во нападот и партнер на Рафаел Леао.