фудбал

Начо го напушта Реал по дваесет години

33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез, започнал преговори со луѓето од Интер, тврди денеска весникот – „Марка“.

Наводно, тимот од Италија ќе му понуди на бекот договор за три сезони. Тој треба да биде замена за Милан Шкриниар, кој ќе оди во Пари Сен Жермен. Начо е дел од Реал повеќе од 20 години откако и се приклучи на школата на „белите“ во 2001-ва.  

Претходно се појавија информации дека за дефназивецот се заинтересирани Вилјареал и Рома.


Николов по една сезона заминува од ФЦСБ

Бобан Николов одлучил да бара нов клуб откако го раскинал договорот со ФЦСБ, тврди романскиот „Про Спорт“.

Сопственикот на клубот, контроверзниот Џиџи Бекали не сакал да слушне за продолжување на соработката, па двете страни се договориле Николов да го прекине договорот на еден месец пред крајот и сега има право да си бара нов средина.

Ваквата ситуација беше и очекувана затоа што Николов подолг период е незадоволен од минутажа која ја добива во клубот, иако му било дадено ветување дека клубот ќе смета на него.

Николов токму поради тоа ветување во јануари одбил трансфер во Шпанија, а сезонава вкупно одигра само 11 натпревари во првенството и два во националниот Куп.


Кејн побарал заминување од Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, го известил претседателот на клубот, Даниел Леви, дека не сака да биде продаден во странство.

Единствениот клуб во кој сака да се пресели е Манчестер Јунајтед, тврди весникот – „Сан“. Фудбалерот сака да остане во Премиер лигата и да се обиде да го надмине рекордот на Алан Ширер кој е лидер со 260 голови.

Репрезентативецот на Англија има договор за уште една сезона и доколку не биде продаден во текот на летото, тогаш догодина ќе си замине како слободен играч. 


Објавен списокот со повикани фудбалери за натпреварите на Македонија со Украина и Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани играчи за претстојните квалификациски натпревари за пласман  на ЕП 2024 година.

Првиот дуел на репрезентацијата е закажан за 16.јуни на домашен терен со Украина, а потоа следува гостувањето на „Олд Трафорд“ и натпреварот против Англија на 19.јуни.

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар

Дени ИЛИЕВ – ХЈК Хелсинки, Финска

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Инглоштад, Германија

Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија

Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија

Стефан РИСТОВСКИ – Динамо Загреб, Хрватска

Езѓан АЛИОСКИ – Фенербахче, Турција

Егзон БЕЈТУЛАИ – Шкендија

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија

Владица БРДАРОВСКИ – Шкупи

Бојан ДИМОСКИ – Академија Пандев

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција

Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија

Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина

Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска

Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија

Давор ЗДРАВКОВСКИ – АЕЛ Лимасол, Кипар

Сефер ЕМИНИ – Сондерјиске, Данска

НАПАД:

Александар ТРАЈКОВСКИ – Ал-Фејха, Саудиска Арабија

Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка

Дориан БАБУНСКИ – Дебрецин, Унгарија

Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција

Илија НЕСТОРОВСКИ – Удинезе, Италија

Љупче ДОРИЕВ – Шкендија

Стефан АШКОВСКИ – Ламиа, Грција


Сити и Челзи преговараат за потписот на Ковачиќ

Манчестер Сити е силно заинтересиран за играчот на Челзи и хрватски репрезентативец, Матео Ковачиќ.

Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето доколку пристигне понуда од 35 милиони евра.

Најсилен интерес за Хрватот покажува Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на неговите квалитети. „Граѓаните“ сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале преговор.

За Сити нема да биде проблем да ја плати бараната сума, па сакаат што е можно посокоро да постигнат договор со фудбалерот.


Meњан се договори, останува во Милан до 2028 година

Милан започна преговори со голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот, пренесуваат италијанските медиуми.

Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан, кој сака да го награди за добрите партии. Се очекува Мењан наскоро да потпише нов договор со Милан до 2028 година и ќе добие значително зголемување на платата.


Марсијал ќе го скокне финалето на Купот против Сити

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал поради повреда ќе го пропушти саботното финале во ФА Купот против Манчестер Сити, соопштија од клубот во официјалното соопштение.

Марсијал се повреди на последниот натпревар на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата откако влезе како замена против Фулам.

„Ентони Марсијал поради повреда ќе остане надвор од тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. Прегледите покажаа дека станува збор за кинење на мускулот што нема да му дозволи да учествува на мечот на Вембли во сабота“, напишаа од Манчестер Јунајтед. .

Францускиот фудбалер се мачеше со повреди во текот на целата сезона, кои го ограничија на само 29 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 9 гола. Марсијал беше стартер на само 11 од тие 21 средби.


Јанг на излезни врати од „Вила парк“

Екипата на Астон Вила потврди дека фудбалерот, Ешли Јанг, ќе си замине откако ќе му истече договорот на 30 јуни.

Тој во сезоната што заврши одигра 32 меча или собра вкупно 250-ет во текот на неговите два периода кај англискиот тим. 37-годишниот фудбалер најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Манчестер Јунајтед кога успеа да ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа. 

Треба да се потенцира дека ветеранот успеа да дојде и до пехарот во Калчото со Интер со што стана само третиот фудбалер од Англија кој се израдувал


Далот на „Олд Трафорд“ до 2029 година

Фудбалерот, Диого Далот, денеска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2029 година, објавија дел од медиумите.

Дефанзивецот пристигна на „Олд Трафорд“ пред пет години од Порто за скромни 19 милиони фунти. Тој во сезоната што заврши одигра 42 меча во сите конкуренции.

„Да се ​​игра за Манчестер Јунајтед е чест – една од најголемите што можете да ги добиете во фудбалот“, потенцираше искусниот фудбалер.


Бензема размислува да го замени Реал со Саудиска Арабија

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема може да го напушти клубот.

Според весникот „АС“, Бензема е блиску до заминување од Реал Мадрид на крајот на сезоната. 35-годишниот напаѓач има понуда од Саудиска Арабија. Играчот добива договор за две сезони со плата од 200 милиони евра годишно со даночно ослободување. Исто така, играчот ќе има можност да заработи голема сума како амбасадор за кандидатурата на Саудиска Арабија, Грција и Египет за домаќини на Светското првенство во 2030 година.

Бензема е во Кралскиот клуб од 2009 година. Во тековната сезона на шампионатот на Шпанија одигра 23 натпревари на кои постигна 18 гола и три асистенции. Карим Бензема со Реал Мадрид стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите каде загубија од Манчестер Сити. Во Лигата на шампионите, Французинот има постигнато четири гола на десет натпревари оваа сезона.