ракомет

Скок од четири места за македонските ракометари на ЕХФ листата

Македонската ракометна репрезентација напредуваше за четири позиции на новата ранкинг листа на Европската федерација.

Нашиот национален тим е на 15. место a веднаш зад нас се Србија, Фарски Острови, Чешка, Полска и Италија. Новиот европски шампион, Данска, е лидер на листата пред Франција и Германија.

Место во првите десет имаат и Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Од 11-то до 14 место се ставени Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија.


Пролетта отворена со братско дерби, Еурофарм Пелистер суверено слави

Еурофарм Пелистер со победa го отворија продолжението од сезоната во Суперлигата. Шампионот го доби братското дерби со Еурофарм Пелистер 2 со 39-24. Тимот предводен од Стевче Алушовски издоминира и го прослави петнаесеттиот триумф во деветнасеттиот натпревар.

Победникот беше решено уште по првото полувреме кога фаворитот се избори за предност од плус седум, позитива која продолжи да расте во продолжението. Радивојевиќ со девет и Кузмановски со шест гола беа најдобри поединци кај актуелниот првак.

Алушовски се врати на клупата на матичниот клуб, го изротира тимот и шанса им даде скоро на сите расположени ракометари. Единствено не настапија казнетиот Манасков, Видомвски и Хаидарирад. Неговиот колега Александар Зарков повторно во тимот го пријави долго повредениот Белистојановски, но се почувствува отсуството на десниот бек Баптист Одифред.

Ракомет
Суперлига 2025/26

  1. коло

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39-24 (18-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 800
Судии: Александар Шуковски и Иван Илиевски

Еурофарм Пелистер:
Н. Митревски, Брестовац 1, Хаидарирад, Ристевски 4, Тајник 4, Хакбарт 2, Хенигман 3, Радивојевиќ 9, Кузмановски 6, Абутовиќ, Калајџиовски 2, Пет. Атанасијевиќ 3, Пешевски 2, Хосни 1, Хаџиќ 2
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Марковски 1, Лозановски, Даневски, Велески, Х. Митревски 4, Шулевски 6, Лазаревски, Дамчевски 1, Димитровски 1, Пецаковски, Славков, Белистојановски 3, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 7
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 2 минути

Во следното 20. коло Еурофарм Пелистер гостува кај, а Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Алкалоид Ракомет.
1 allegato


Вецлар го носи Паличка во Бундеслигата уште зимава

Според информациите на германскиот весник „Билд“, шведскиот голман Андреас Паличка би можел да се врати во Бундеслигата порано од очекуваното, иако неговиот трансфер во Фуксе Берлин е планиран дури за следната сезона.

Причината за промената на плановите се финансиските проблеми со кои се соочува норвешкиот шампион Колстад.

Клубот наводно е подготвен да го отстапи Паличка на позајмица, со цел да го растовари буџетот и да ја стабилизира финансиската состојба.

Во целата ситуација како сериозен кандидат се појавува Вецлар, клуб кој се наоѓа во незавидна позиција во Бундеслигата и активно бара засилувања во борбата за опстанок.

Германскиот тим е заинтересиран да го доведе искусниот чувар на мрежата на позајмица до крајот на сезоната, сметајќи дека неговото искуство и квалитет би можеле да бидат клучни во пресудните натпревари.


Вуко Борозан потпиша за Охрид

Вуко Борозан си замина од Вардаар 1961, но не и од Македонија. ГРК Охрид е новата дестинација на црногорскиот бек.

Тој и официјално беше промовиран како ново засилување на езерскиот тим.

Со потпишувањето на Борозан, ГРК Охрид ги потврди амбициите за оваа сезона.

Во клубот е вложена сериозна сума на пари. Па се очекува да се вмеша за титулата, и секако да оствари успех во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година со македонски производ го свои Алкалоид.

Левиот бек се врати во Вардар 1961 во 2024 година, но по завршување на полусезоната одлучи да се раздели со „црвено-црните“ и да го облече дресот на ГРК Охрид.


Данците доминираат во идеалниот тим, Гидсел е МВП на шампионатот

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим на Европското првенство кое се одржуваше во Данска, Норвешка и Шведска.

За најкорисен играч на турнирот (МВП) е избран неверојатниот Матијас Гидсел од Данска.

Идеалниот тим на Европското првенство 2026 година:

Голман: Андреас Волф (Германика)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Коста (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Кружен напаѓач: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Коста (Португалија)
Најкорисен играч на првенството – МВП: Матијас Гидсел (Данска)


Гидсел руши рекорди: Стана најдобар стрелец на Европските шампионати

Данска ја освои титулата на Европското првенство, а Матиас Гидсел постави нов рекорд со 68 постигнати гола, станувајќи играчот со најмногу голови на едно ЕП.

Тој го надмина Сандер Сагосен, кој заврши со 65 голови, додека Симон Питлик се смести на третото место со 64 гола.

Кире Лазаров (61 гол на ЕП 2012) е четврти на вечната листа. Гидсел, покрај титулата најдобар стрелец, ја освои и наградата за МВП на турнирот.


Данска стана европски првак и ги обедини сите титули

Репрезентацијата на Данска ја освои европската титула откако во финалето вечерва ја совлада Германија со 34-27. Ова за Данска е трета титула европски првак и воедно го повтори успехот на Франција во ракомет во истовреме да има европска, светска и олимписка титула. Данските ракометари титулата ја прославија со домашните навивачи кои ја исполнија салата во Хернинг.

Во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а на полувреме беше 18:16. Последен пат нерешен резултат беше 19:19. Во вториот дел најчесто предноста беше меѓу 2-3 разлика за Данска, а голманите во средината на вториот дел Волф (Германија) и Мелер (Данска) имаа свои минути. Данските ракометари финалето го завршија со серија од 5-0 за конечни 34-27.

Симон Питлик со 8 голови кај Данска беше најефикасен, додека Матијас Гидсел и Јохан Хансен постигнаа по 7. Кевин Мелер имаше 8 одбрани, а Андреас Волф заврши со 14.

Во натпреварот бронзениот медал Хрватска го победи Исланд со 34-33.


Вардар убедливо поразен во финалето на турнирот во Лабин

Екипата на Загреб е освојувач на реномираниот меѓународен турнир што се одржа во Лабин.

Во финалната средба хрватскиот шампион во вториот дел го скрши отпорот на Вардар 1961 и заслужено славеше со 34-27.

По израмнетиот старт (3-3) домашниот тим прв влезе во мини-серија и поведе со 5-3, на што следуваше соодветен одговор на „црвено-црните“.

Вардар со четири гола во низа за првпат поведе со два гола разлика (5-7). Следуваше одговор на Загреб и три врзани погодоци, од кои последниот на Карачиќ за ново водство од 9-7.

Вардар најде излез и од оваа ситуација и брзо го врати водството на своја страна, но во самиот финиш на полувремето кој македонскиот тим го играше со играч помалку, Загреб врза два гола и на пауза обезбеди минимална предност од 17-15.

Иако се работеше за пријателски турнир, жарот за победа беше видлив кај двете екипи и второто полувреме започна со нешто погруба игра и неколку исклучувања на двете страни.

На резултатски план подобро се снајдоа ракометарите на Загреб кои ги казнуваа сите грешки на противникот и првпат се одлепија на четири гола предност (27-23). Кризата во таборот на „црвено-црните“ продолжи, а откако негативата се зголеми на седум погодоци,

Чупиќ повика тајм-аут. Но, ниту минутата одмор и советите на хрватскиот тренер не им помогнаа на вардарци, кои продолжија со лошата игра и загубија со 34-27.


Јакобсен: Исланд беше одличен, игравме смирено и во најтешките моменти

Ракометарите на Данска се изборија за уште едно финале на Европските првенства, откако синоќа во полуфиналето го совладаа Исланд со 31:28. Данскиот тим е на еден чекор до „обединување“ светската, олимписката и европската титула, затоа секој натпревар има посебна тежина за нив.

„Беше навистина тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Успеавме да ја одржиме нашата игра, особено во второто полувреме. Игравме смирено во во тој дел од натпреварот што беше важно. На двете страни бевме навистина ефикасни кога имавме шанса. Игравме остро кога имавме два или три гола предност и генерално, многу сум среќен што успеавме да се пласираме во финалето“, изјави селекторот на Данска Николај Јакобсен.

Во утрешното финале Данска ќе игра против Германија (почеток 18 часот). Во дуелот од главната фаза во групата Данска ја победи Германија со 31:26.


Лино Червар бара промена на ракометните правила

Ракометната репрезентација на Хрватска го загуби полуфиналето од Германија и за да освои медал на Европското првенство во неделното „мало финале“ ќе мора повторно да го победи Исланд. Свое видување за истакна и поранешниот македонски и хрватски селектор Лино Червар.

Тој најпрво упати честитки за хрватските ракометари за пласманот во полуфиналето, со напомена дека мора да се освои бронзениот медал.

Червар во изјава за хрватските медиуми се осврна и на дел од правилата и начинот како е организиран еден шампионат.

Правилата мора да се променат, со вакви правила не може да се „оди“ на Олимписки игри. Никој не знае точно кога е пробивање, кога не. Тоа се стручни работи. Сепак едно е напишано во правилата, а друго се интерпретира на терен. И она што е исто така важно логистиката на првенството мора да ја одработи својата работа, а играчите треба да размислуваат да играат и тренираат, изјави Червар.

Ова воедно е доаѓа како реакција на бројните приговори на Хрватската федерација до организаторот и ЕХФ бидејќи хрватската репрезентација во четири дена одигра три натпревари (заедно со полуфиналето) и притоа имаа еден слободен ден за транспорт од Малме до Силкеборг / Хернинг во Данска.