ракомет

Талант во продблеми, се повреди Алекс Душебаев

Киелце во клучниот дел од сезоната се соочи со огромен проблем, откако Алекс Душебајев заработи незгодна повреда на ногата во финишот од последниот меч во Лигата на Шампионите против Фулсе Берлин.

Десниот бек остана да лежи на теренот и веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен – што беше потврдено и со деталните лекарски прегледи по враќањето во Полска.

Киелце преку клупско соопштение објави дека станува збор за кинење на мускулни влакна во пределот на бицепсот на ногата, за што препорачаната пауза изнесува најмалку шест седмици.


Вардар пак го совлада Алкалоид во Автокоманда

Дербито во Автокоманда и овој пат го доби Вардар 1961 откако славеше со 32-33 (17-19) против Алкалоид во првиот меч од плеј-офот.

Кирил Лазаров на овој меч не сметаше на Игор Ѓоргиев, кој се здоби со повреда токму на мечот против „црвено-црните“ пред една недела, надвор од терените и натаму е Мартин Серафимов.

Воркапиќ со 10 гола беше прв стрелец кај победникот, зад него со по шест гола беа Хориха и Да Силва, Валах имаше 9 одбрани. Во редовите на домашниот тим, Никола Костески запиша седум гола, по пет имаа Марко Митев и Борзаш.


Познати термините за европскиот двомеч на Охрид и Олимпијакос

По успешните настапи и пласманот во четвртфиналето ЕХФ Европскиот куп ракометарите ги очекуваат два нови дуела во против грчки Олимпијакос. Денеска беа објавени и термините за одигрување на натпреварите.

Првиот дуел се игра на 29 март во Атина со почеток во 17 часот, додека реванш дуелот е закажан за 4 април во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18;00 часот.

Поуспешната екипа од овој двомеч во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од дуелот меѓу Цеље и Бузау.


Парондо од следната сезона ќе го води ПСЖ

Шпанскиот ракометен тренер Роберто Парондо ќе го напушти Мелзунген и од следната сезона ќе го преземе ПСЖ пренесува „РТХендбол“.

Парондо е тренер во Мелсунген, а сето тоа го привлече вниманието кон екс-тренерот на Вардар 1961 со кого македонскиот тим стана европски шампион.

Доколку ова се потврди, ќе станува збор за голем чекор во кариерата на Парондо, со оглед на амбициите и буџетот со кои располага францускиот гигант.

ПСЖ традиционално се бори за титулите во домашното првенство и за висок пласман во европските натпреварувања, па ангажманот на шпанскиот стратег би значел нов почеток и свежа енергија за тимот.


Талант Душебаев е нов селектор на Франција

Талант Душебаев официјално е назначен за нов селектор на Франција, но во истовреме ќе продолжи да биде тренер на полски Киелце.

Душебаев на селекторската клупа седнува на местото на Гијом Жил, на функцијата тренер на француската репрезентација, објави Француската ракометна федерација на социјалната мрежа Икс.

Киелце, исто така, објави дека 57-годишниот тренер ќе ги преземе обете улоги.

Киргистанецот со шпански пасош и во минатото еден од најдобрите ракометари во светот, рече дека му претставува голема чест да ја тренира француската репрезентација.

„Всушност, тоа е нешто што го сакав повеќе од сè, бидејќи Франција има фантастична генерација играчи“, изјави Душебаев за веб-страницата на Француската ракометна федерација. (


Еурофарм Пелистер донесе бод од Данска и остана во трка за плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаа да останат непоразени на вечерашниот меч против ГОГ Гудме во Лигата на шампионите (28-28), резултат со кој ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата.

Ова беше соочување во кое македонскиот прволигаш покажа карактер и успеа да се врати во игра и остане непоразен иако домаќинот во повеќе наврати водеше со пет разлика.

ГОГ Гудме го доби првиот дел со 15-11, но токму ова како да му беше потребно на клубот од Битола кој се разбуди во продолжението, беше рамноправен, па дури и поведе со 25-24. Беше драматично до самиот крај, Еурофарм Пелистер дојде до израмнување и потоа се одбрани од завршниот налет на данскиот клуб и го забележа првото сезонско реми.

Голманот Митревски беше фантастичен со двоцифрен број на одбрани, Видомски даде седум гола, а по шест имаа Кузмановски и новото засилување Граховац. На другата страна Митун беше автор на седум гола.

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер ќе го прчека ПСЖ на 4 март.


Алборг е противник на младинците на Еурофарм Пелистер во полуфиналето на групата во Пореч

На еден месец пред стартот на ЕХФ Лигата на шампиони за млади, извлечени се двојките за претквалификацискиот турнир за Ф4-турнирот за млади во Келн.

Во групата во Пореч, младинската екипа на Еурофарм Пелистер во полуфиналето на 30 март во 12:00 часот ќе игра против тимот на Алборг од Данска.

Во второто полуфинале играат екипите на Загреб и Фуксе Берлин. Победниците од двете полуфиналиња ќе играат за место на завршниот Ф4-турнир.


Вардар го надигра Мелсунген и остана во игра за нокаут-фазата

Ракометарите на Вардар со фуриозна игра во вториот дел од мечот дојдоа до победа над Мелсунген од 37-33 во второто коло од втората фаза на ЕХФ Европската лига. Вечерва во Скопје видовме две различни полувремиња и две лица на „црвено-црните“.

Во првиот дел хаотичен Вардар кој му дозволи на противникот да се размавне и да замине на пауза со 18:19, иако во добар дел од полувремето Германците имаа и по 6 гола предност. Во вториот дел работите си дојдоа на место, публиката грмна од трибините, Вардар се врати во водство и до крајот не дозволи нов пад.

Малус со 10 и Воркапиќ со 9 гола го предводеа Вардар до победата, додека Стефансон со 12 гола беше лидер кај германскиот состав. Вардар со оваа победа е на делба на второто место во групата со екипата на Бенфика, додека Мелсунген останува лидер со два бода повеќе.


Алушовски: Не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната

Еурофарм Пелистер в среда игра еден од најважните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите – гостува кај данскиот ГOГ Гудме, со почеток од 18:45 часот, во меч кој директно влијае на битката за пласман во осминафиналето. Само освојување бодови му даваат надеж на битолскиот тим дека може да направи „пресврт“ и да остане во игра за следната фаза.

На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваа Стевче Алушовски и Жарко Пешевски.

Стевче Алушовски
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме кој е вицешампионот на Данска. Загубивме тука во Битола од нив, но тоа не значи дека ќе биде исто и во реваншот. Нивен најголем адут е играта „седум на шест“ и играат добро со двата пивотмени. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“, како и во Битола. Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Но, не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната. Секогаш наша основна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра „седум на шест“, имаме шанси да се вратиме со позитивен резултат.

Жарко Пешевски
(РК Еурофарм Пелистер)
Секој нов натпревар во Лигата на шампионите е нова приказна. За секој ривал се подготвуваме посебно, секоја екипа е разлилна. Мислам дека ГОГ Гудме е супер-екипа, со млади дански играчи и супер-талент како Митун, кој се очекува да биде еден од најдобрите за кратко време. После секој европски натпревар оваа екипа на ГОГ Гудме расте. Морам да ги пофалам, затоа што покажуваат одлични игри, нè победија тука во Битола, иако имавме одлично отворање. Водевме со +5, па имавме пад и со многу технички грешки и без одговор за нивната игра „седум на шест“ загубивме. Не одиме со „бело знаме“ во Данска, респект за нив, но имаме свои шанси и се надевам дека среќата ќе биде на наша страна.

Во историјата Пелистер и ГОГ Гудме двапати играа на данско тло и двете екипи извојуваа по една победа,


Граховац; Еурофарм Пелистер пак може да биде шампион на Македонија!

Никола Граховац, новото засилување на Еурофарм Пелситер за продолжението од сезоната веќе одработи неколку тренинзи со „зелено-белите“. Тој даде прво интервју, во кое откри дека и лани бил блиску до потпис со битолчани. Како и тоа дека верува дека тимот има квалитет за одбрана на титулата.

„Минатата година кога се знаеше дека си одам од Веспрем, беше близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, но заради други причини го одбрав Вецлар, ама бевме во клубот со контакт. Имавме таму некои спортски проблеми, па одлучив да дојдам тука. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски подобро е да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа година да биде повторно“, изјави Граховац.

27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција и за следната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар. 201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.