ракомет

Алушовски: Не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната

Еурофарм Пелистер в среда игра еден од најважните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите – гостува кај данскиот ГOГ Гудме, со почеток од 18:45 часот, во меч кој директно влијае на битката за пласман во осминафиналето. Само освојување бодови му даваат надеж на битолскиот тим дека може да направи „пресврт“ и да остане во игра за следната фаза.

На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваа Стевче Алушовски и Жарко Пешевски.

Стевче Алушовски
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме кој е вицешампионот на Данска. Загубивме тука во Битола од нив, но тоа не значи дека ќе биде исто и во реваншот. Нивен најголем адут е играта „седум на шест“ и играат добро со двата пивотмени. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“, како и во Битола. Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Но, не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната. Секогаш наша основна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра „седум на шест“, имаме шанси да се вратиме со позитивен резултат.

Жарко Пешевски
(РК Еурофарм Пелистер)
Секој нов натпревар во Лигата на шампионите е нова приказна. За секој ривал се подготвуваме посебно, секоја екипа е разлилна. Мислам дека ГОГ Гудме е супер-екипа, со млади дански играчи и супер-талент како Митун, кој се очекува да биде еден од најдобрите за кратко време. После секој европски натпревар оваа екипа на ГОГ Гудме расте. Морам да ги пофалам, затоа што покажуваат одлични игри, нè победија тука во Битола, иако имавме одлично отворање. Водевме со +5, па имавме пад и со многу технички грешки и без одговор за нивната игра „седум на шест“ загубивме. Не одиме со „бело знаме“ во Данска, респект за нив, но имаме свои шанси и се надевам дека среќата ќе биде на наша страна.

Во историјата Пелистер и ГОГ Гудме двапати играа на данско тло и двете екипи извојуваа по една победа,


Граховац; Еурофарм Пелистер пак може да биде шампион на Македонија!

Никола Граховац, новото засилување на Еурофарм Пелситер за продолжението од сезоната веќе одработи неколку тренинзи со „зелено-белите“. Тој даде прво интервју, во кое откри дека и лани бил блиску до потпис со битолчани. Како и тоа дека верува дека тимот има квалитет за одбрана на титулата.

„Минатата година кога се знаеше дека си одам од Веспрем, беше близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, но заради други причини го одбрав Вецлар, ама бевме во клубот со контакт. Имавме таму некои спортски проблеми, па одлучив да дојдам тука. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски подобро е да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа година да биде повторно“, изјави Граховац.

27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција и за следната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар. 201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.


Дерби во Автокоманда на стартот на плеј-офот, шампионот гостува во Кавадарци

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија утрово беа извлечени редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот во продолжението од домашната Суперлига во машка конкуренција.

Продолжението се игра според бергеровиот систем, а големото дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер ќе следува во 2. и во 6. коло.

Плеј-офот стартува на 28 февруари.

Во рамките на премиерното коло ќе имаме реприза на саботното дерби во Автокоманда меѓу Алкалоид и Вардар.

Супер лига, плеј-оф, 1 коло:

Тиквеш – Е. Пелистер

Бутел Скопје – Охрид

Алкалоид – Вардар


Ројевиќ: Ова е историски успех за Охрид!

Ракометарите на Охрид и како гости ја победија Дукла Прага и се пласираа во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

По втората победа над Дукла, овојпат во Прага свој коментар имаше и тренерот Борис Ројевиќ.

„Многу сум задоволен. Победивме со шест гола разлика на гостински терен, ова е голема вечер за нас и веќе запишавме шест победи досега во Европа сезонава. Секогаш може подобро, јас секогаш се стремам кон подобро, но задоволен сум. Ова е историски успех за Охрид. Беше задоволство да се игра пред 120-130 наши навивачи. Тие поминаа долг пат и беа многу гласни.

Мојот најголем успех е секако освојувањето на ЕХФ Купот со Војводина. Во последните 6-7 сезони, ова е најквалитетниот ЕХФ Куп. Рунар беше еден од најтешките ривали минатата година, а сега загубија од Татабања, која има буџет пет милиони евра, со пет гола разлика. Има одлични тимови, Целје има многу репрезентативци, Олимпијакос со најсилниот состав досега, Бузау со два милиони евра буџет е најсилниот романски клуб по Динамо Букурешт. Но, и ние сме тука и нема да се откажеме“, изјави Ројевиќ.


Регионалниот состанок најави враќање на СЕХА лигата

Регионална соработка за развој на ракометотНа иницијатива на ЕХФ и потпретседателот Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.

На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:

  • формирање регионални машки и женски лиги за клубов
  • можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
  • машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
  • предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
  • иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални –
  • формирање регионална кадетска лига за репрезентацииОвие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.

Еурофарм Пелистер 2 ја совлада Струга, но нема да игра во плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа тимот на Струга со огромни 39-23 (17-11) во последното коло од регуларниот дел во Суперлигата. Сепак, нема да играат во плеј-офот, бидејќи Тиквеш загуби на гостувањето кај Бутел Скопје.

Домашниот тим уште во првото полувреме покажа дека е исклучително расположен за игра и создаде предност од шест гола (17-11), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина и комплетно го дотолчи ривалот од Струга. Доминантен беше пивотменот Марковски, а одличен прв дел запиша и бекот Митревски и голманот Јовановски.

Имаа битолчани огромни +13 во 54. минута од мечот, а на крајот славеа со конечни 39-23. Најдобар поединец во победничкиот тим беше Петар Марковски со дури тринаесет голови, а во таборот на стружани се истакна Наум Костов со девет погодоци.

Доколку успее да се пласира во плеј-офот, Еурофарм Пелистер ќе биде последниот, шест патник во разигрувањето за шампионската титула. Во спротивно екипата на Александар Зарков ќе биде најдобропласиран тим од плеј-аут лигата.

Распоредот за плеј-аутот ќе биде познат следната недела.


Доминик Кузмановиќ уште пет години во Магдебург

Најдобриот ракометен клуб во светот во моментов, германски Магдебург, официјално го објави доаѓањето на хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ.

Голманот на Гумерсбах ќе го носи дресот на клубот од „ГЕТЕК Арената“ од лето, а договорот е на пет години.

Тој во Масгдебург ќе дели минутажа на голот со неговиот соиграч од репрезентацијата на Хрватска, Матеј Мандиќ.

Хрватските голмани ќе стават голем товар на својот грб да ја замени двојката Ернандез и Портнер, кои му донесоа неколку трофеи на клубот на тренерот Бенет Вигерт во последните четири сезони.


Вардар го претстави Вукашин Воркапиќ

Лидерот во ракометната Суперлига, Вардар ја потврди соработката со репрезентативецот на Србија десното крило Вукашин Воркапиќ. Тој „црвено-црниот“ дрес ќе го носи до крајот на сезоната 2027/28.

Станува збор за искусен играч кој има 28 години и настапи за Металопластика, францускиот тим Иври, а во Вардар прави трансфер од Војводина каде настапуваше во домашната лига и куп, како и во дуелите од ЕХФ Лига Европа.

Како репрезентативец на Србија има настапи и на светски првенства, а беше дел и од составот на селекторот Раул Гонзалез и на ЕП во Данска.


Алкалоид потпиша нов договор со капитенот Игор Ѓорѓиев

Алкалоид објави дека ја продолжиле соработката со својот среден бек Игор Ѓорѓиев.

Средниот бек кој има 25 години ги брани боите на клубот од Автокоманда од 2021 година и реши да остане во таботот на клубот со кој успеа да освои неколку трофеи.

Од клубот со кратко соопштение ја објавија оваа информација:

„РК Алкалоид останува доследен и ја продолжува својата клупска стратегија да гради тим за иднината со македонски играчи. Со задоволство ја информираме јавноста дека продолжен е договорот со нашиот капитен, средниот бек Игор Ѓорѓиев (25), кој реши да остане лојален на нашиот клуб. Ракометарот кој е и актуелен репрезентативец на Македонија“ се вели во објавата на клубот.

Оваа информација доага само еден ден пред одигрувањето на дерби средбата со Вардар која Алкалоид ја игра на домашен терен утре (сабота) од 19.30 часот.


Шоу на најмладите, Еурофарм Пелистер пресилен за Куманово

Првакот Еурофарм Пелистер без проблеми го совлада тимот на Куманово (19-43) во натпревар од машката ракометна Супер лига и ги прокнижи очекуваните бодови во финишот на регуларниот дел од сезоната.

Битолчани го играа овој дуел нецели дваесет и четири часа по дуелот со Висла во Лигата на шампионите, но фактот што средбата се играше на домашен терен и разликата во квалитет придонесоа за рутински шеесет минути во салата „Боро Чурлевски“.

Комбинираниот состав на Еурофарм Пелистер уште на полувреме водеше со 22-10, тренерот Алушовски можеше да комбинира и експериментира, а на крајот екипата постигна убедлива победа.

Радивојевиќ го предводеше победничкиот тим со 14 голови, додека Павле Атанасијевиќ беше зад него со осум погодоци

Следниот викенд стартува плеј-офот, а во него Еурофарм Пелистер ќе влезе од втората позиција.