ракомет

Моќно второ полувреме на шампионот, Еурофарм Пелистер го освои Радовиш

Шампионот Еурофарм Пелистер рутински ја одработи задачата на гостувањето против Радовиш, славејќи над „фенерџијата“ на табелата со убедливи 17-42. Неверојатното второ полувреме на избраниците на тренерот Алушовски ја направи победата супер-убедлива.

Резултатот по првото полувреме гласеше 11-16, но битолчани заиграа далеку посериозно во вториот дел, отворија со осум гола во низа, создавајќи двоцифрена предност што „зелено-белите“ рутински ја задржаа до самиот крај.

Најдобар поединец на паркетот беше Филип Кузмановски со девет гола, а солидни беа и Петар Атанасијевиќ и Рудолф Хакбарт со по седум гола, како и голманот Брестовац со десет интервенции и само пет примени гола. За домашниот тим прв стрелец беше Славе Јанковски со четири гола. Одлична веста за Алушовски е и враќањето на Цветан Кузманоски, кој се најде во протоколот за натпреварот, но не доби шанса. Сепак, неговото враќање по тешката повреда е многу блиско.

Ракомет
Суперлига 2025/26

  1. коло

Радовиш – Еурофарм Пелистер 17-42 (11-16)

Спортска сала „26 април“ – Радовиш
Гледачи: 500
Судии: Методија и Михајло Илиевски

Радовиш:
Паунов 1, Ристов, М. Димов 1, Петров 2, С. Трајанов 1, Постолов, Трајчевски 1, Јанковски 4, И. Димов 2, Велков, Ѓорѓиев, Ф. Трајанов, К. Ѓорѓиев, Ончев 3, Манасов, Костадинов 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Хеидерирад, Ристевски 1, Хакбарт 7, Кузманоски, Тајник 1, Хенигман 4, Кузмановски 9, Абутовиќ, Калајџиовски 4, Пет. Атанасијевиќ 7, Пешевски 3, Хосни 2, Хаџиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Во следното 21. коло Еурофарм Пелистер в петок ќе го пречека Прилеп во пелагониското дерби.


Алкалоид ги надигра младите пелистерци, плеј-офот остана само сон

Екипите на Алкалоид ја оправда фаворитските улога и дојде до нови очекувани бодови во Битола. Младата екипа на Еурофарм Пелистер 2 не можеше некомплетна да парира и загуби со 22-36. Овој пораз значи и теоретски дека екипата на Александар Зарков ќе игра во плеј-аутот до крајот на сезоната.

Гостите од Скопје без никакви проблеми ја потврдија разликата во квалитет и стигнаа до убедлива предност уште на полувреме. Резултатот 12-20 беше надграден и во продолжението, а избраниците на Кире Лазаров на крајот славеа со 22-26.

Тордарсон со осум и Костески со пет голови беа најефикасни во редовите на победничката екипа Алкалоид, а Мохамед Азис Бен Мафуд со осум погодоци се истакна кај Еурофарм Пелистер 2.

Ракомет
Суперлига 2025/26

  1. коло

Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид Ракомет 22-36 (12-20)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Фехми, Марковски 2, Лозановски, Гичев 2, Велески, Митревски 3, Шулевски 1, Дамчевски 1, Димитровски, Пецаковски, Славков, Белистојановски 4, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 8
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 2 минути

Алкалоид Ракомет:
Кизиќ, Галевски, Џонов 4, Тордарсон 8, Маркоски, Серафимов 1, Стојковиќ 2, М. Митев 4, Ѓорѓиев, Нен. Костески 5, Петковски 1, Д. Митев 4, Борзаш 2, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 10 минути

Во следното 21. коло Еурофарм Пелистер 2 в сабота гостува во Радовиш.


Раул Гонзалез го презема Партизан од следната сезона

Поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација и тренерот на македонски Вардар со европска титула Шпанецот Раул Гонзалез од следната сезона ќе биде седне на клупата на белградски Партизан и ќе го наследи Ѓорѓе Чирковиќ во Партизан.

Според пишувањата на српските медиуми Раул се договорил со клубот до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на Србија.

Од белгардскиот клуб ја известија јавноста дека актуелниот тренер Ќирковиќ на крајот на сезоната го завршува својот ангажман во редовите на „црно-белите“.
Во таборот на клубот очекуваат и оваа сезона да заврши успешно особено што Партизан последните сезони е водечки клуб во српскиот ракомет со Војводина.


Алекс Душебаев потпиша за Гумерсбах

Поранешниот ракометар на Вардар, Алекс Душебаев, по осум сезони го напушта Келце и кариерата ја продолжува во германската Бундеслига.

Иако се поврзуваше со враќање во Вардар или трансфер во Кил, шпанскиот репрезентативец потпиша договор со Гумерсбах до 2029 година, каде ќе соработува со тренерот Гудјон Валур Сигурдсон.

За 33-годишниот Душебаев, Гумерсбах ќе биде шести клуб во кариерата, по настапите за Келце, Вардар, Арагон, Ла Риоха и Сиудад Реал.


Скок од четири места за македонските ракометари на ЕХФ листата

Македонската ракометна репрезентација напредуваше за четири позиции на новата ранкинг листа на Европската федерација.

Нашиот национален тим е на 15. место a веднаш зад нас се Србија, Фарски Острови, Чешка, Полска и Италија. Новиот европски шампион, Данска, е лидер на листата пред Франција и Германија.

Место во првите десет имаат и Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Од 11-то до 14 место се ставени Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија.


Пролетта отворена со братско дерби, Еурофарм Пелистер суверено слави

Еурофарм Пелистер со победa го отворија продолжението од сезоната во Суперлигата. Шампионот го доби братското дерби со Еурофарм Пелистер 2 со 39-24. Тимот предводен од Стевче Алушовски издоминира и го прослави петнаесеттиот триумф во деветнасеттиот натпревар.

Победникот беше решено уште по првото полувреме кога фаворитот се избори за предност од плус седум, позитива која продолжи да расте во продолжението. Радивојевиќ со девет и Кузмановски со шест гола беа најдобри поединци кај актуелниот првак.

Алушовски се врати на клупата на матичниот клуб, го изротира тимот и шанса им даде скоро на сите расположени ракометари. Единствено не настапија казнетиот Манасков, Видомвски и Хаидарирад. Неговиот колега Александар Зарков повторно во тимот го пријави долго повредениот Белистојановски, но се почувствува отсуството на десниот бек Баптист Одифред.

Ракомет
Суперлига 2025/26

  1. коло

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39-24 (18-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 800
Судии: Александар Шуковски и Иван Илиевски

Еурофарм Пелистер:
Н. Митревски, Брестовац 1, Хаидарирад, Ристевски 4, Тајник 4, Хакбарт 2, Хенигман 3, Радивојевиќ 9, Кузмановски 6, Абутовиќ, Калајџиовски 2, Пет. Атанасијевиќ 3, Пешевски 2, Хосни 1, Хаџиќ 2
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Марковски 1, Лозановски, Даневски, Велески, Х. Митревски 4, Шулевски 6, Лазаревски, Дамчевски 1, Димитровски 1, Пецаковски, Славков, Белистојановски 3, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 7
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 2 минути

Во следното 20. коло Еурофарм Пелистер гостува кај, а Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Алкалоид Ракомет.
1 allegato


Вецлар го носи Паличка во Бундеслигата уште зимава

Според информациите на германскиот весник „Билд“, шведскиот голман Андреас Паличка би можел да се врати во Бундеслигата порано од очекуваното, иако неговиот трансфер во Фуксе Берлин е планиран дури за следната сезона.

Причината за промената на плановите се финансиските проблеми со кои се соочува норвешкиот шампион Колстад.

Клубот наводно е подготвен да го отстапи Паличка на позајмица, со цел да го растовари буџетот и да ја стабилизира финансиската состојба.

Во целата ситуација како сериозен кандидат се појавува Вецлар, клуб кој се наоѓа во незавидна позиција во Бундеслигата и активно бара засилувања во борбата за опстанок.

Германскиот тим е заинтересиран да го доведе искусниот чувар на мрежата на позајмица до крајот на сезоната, сметајќи дека неговото искуство и квалитет би можеле да бидат клучни во пресудните натпревари.


Вуко Борозан потпиша за Охрид

Вуко Борозан си замина од Вардаар 1961, но не и од Македонија. ГРК Охрид е новата дестинација на црногорскиот бек.

Тој и официјално беше промовиран како ново засилување на езерскиот тим.

Со потпишувањето на Борозан, ГРК Охрид ги потврди амбициите за оваа сезона.

Во клубот е вложена сериозна сума на пари. Па се очекува да се вмеша за титулата, и секако да оствари успех во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година со македонски производ го свои Алкалоид.

Левиот бек се врати во Вардар 1961 во 2024 година, но по завршување на полусезоната одлучи да се раздели со „црвено-црните“ и да го облече дресот на ГРК Охрид.


Данците доминираат во идеалниот тим, Гидсел е МВП на шампионатот

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим на Европското првенство кое се одржуваше во Данска, Норвешка и Шведска.

За најкорисен играч на турнирот (МВП) е избран неверојатниот Матијас Гидсел од Данска.

Идеалниот тим на Европското првенство 2026 година:

Голман: Андреас Волф (Германика)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Коста (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Кружен напаѓач: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Коста (Португалија)
Најкорисен играч на првенството – МВП: Матијас Гидсел (Данска)


Гидсел руши рекорди: Стана најдобар стрелец на Европските шампионати

Данска ја освои титулата на Европското првенство, а Матиас Гидсел постави нов рекорд со 68 постигнати гола, станувајќи играчот со најмногу голови на едно ЕП.

Тој го надмина Сандер Сагосен, кој заврши со 65 голови, додека Симон Питлик се смести на третото место со 64 гола.

Кире Лазаров (61 гол на ЕП 2012) е четврти на вечната листа. Гидсел, покрај титулата најдобар стрелец, ја освои и наградата за МВП на турнирот.