Трет пораз за Македонија на Били Џин Кинг Купот во Бања Лука

Македонската тениска репрезентација го претрпе и третиот пораз во групата Б во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот.
На мечевите што се играат во Бања Лука, македонскиот тим загуби со 3-0 од селекцијата на Јужна Африка.
Во првиот меч Јана Божиновска загуби од Изабела Кругер со 2-0 во сетови (6-0 и 6-1), а Сара Митевска загуби со 2-0 од Џени Ван Зилм, но пружи голем отпор во двата сета (7-6 и 7-5).
Во последниот меч, на кој настапивме во двојки, Сара Митевска и Зара Зафировска беа совладани од Алегра Ван Дер Валт и Абигејл Валосо, исто така со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.
За македонската тениска репрезентација остануваат уште дуелите со селекцијата на Мароко,