Два пенали во Мадрид, Атлетико и Арсенал без предност пред реваншот

Атлетико и Арсенал, на „Метрополитамо“ во Мадрид, одиграа 1:1 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Реваншот, наредниот вторник, во Лондон, ќе го одреди финалистот. Во второто полуфинале, пред реваншот во Минхен, ПСЖ има преднст 5:4 против Баерн.

Она што се очукуваше тоа и го понудија Атлетико и Арсенал. Многу борба, трчање и пред се тактично надмудрување на Диего Симеоне и Микел Артета.

Во првото полувреме, имаше само еден удар во рамката на голот, Раја некако успеа да го одбрани ударот на Алварез. Арсенал во првиот дел имаше две солидни можности. Во моментите кога сите го чекаа крајот на полувремето, Ѓекереш избори пенал за Арсенал, а потоа и го реализираше во 44-та минута.

Вториот дел донесе апсолутна доминација на Атлетико, гол од пенал на Алварез во 56-та минута, два големи шанси за Адемола Лукман и ударот на гризман кој заврши во пречката.

Во вториот дел играчите на Атлетико упатија 13 удари кон голот на Раја. Арсенал статираше на теренот до 85-та минута кога голема шанса имаш Москера, а во следниот напад Рајс биеше непрецизно.

Арсенал доби пенал во 78-та минута, но откако се активираше ВАР собата, Дани Макели ја поништи својата одлука.

Последната шанса ја имаше Молина во 95-та минута, неговиот удар заврши малку над