Белистојаноски од следната сезона ќе игра за Еурофарм Пелистер

Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер, соопшти денеска македонскиот ракометен прволигаш.
Дваесетиедногодишниот Белистојаноски доаѓа во актуелниот македонски шампион од развојниот Еурофарм Пелистер 2, откако претходно ги мина сите младински категории на клубот од Битола.
Белистојаноски се обврза на договор до јуни 2028 година.
Неговиот трансфер, како што е соопштено, е продолжување на проектот на Еурофарм Пелистер да имплементира квалитетни млади ракометари кон сениорскиот тим.